Добредојдовте на веб страната на општина Зрновци
Преку кањонот на реката Зрновка, археолошкиот локалитет Моробиздон, како и повеќето цркви и манастири, општината Зрновци претставува овековечено место на многубројни природни и историски реткости што преставува перспектива која ветува успех. Нашата основна преокупација и занимање на голем број семејства е земјоделството, па од тука животот на овие простори подразбира напорна работа, верба во Бога и приврзаност кон земјата.
Блаже Станков - Градоначалник
ЈАВЕН ОГЛАС за избор на Директор на КЈП „Водна Кула“ - Зрновци
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани сограѓани,
Ве информираме дека ИМОТЕН ЛИСТ можете да си извадите и во просториите на општината после поднесеното барање и уплатената такса. Информации на тел:033/353 105 ( Благој)
ЈАВЕН ПОВИК 01/2018 кон сите доверители на општина Зрновци и единките корисници кои имаат доспеани, а ненаплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018, да се пријават во општина Зрновци со цел спогодбено утврдување на износот на обврските
за доделување на стипендии на новозапишани студенти и ученици од основното образование при ОУ Синиша Стоилов Зрновци од општина Зрновци
ПРАВИЛНИК за доделување на стипендии на новозапишани студенти и на ученици од основното образование при ОУ Синиша Стоилов - Зрновци од општина Зрновци
ЈАВЕН ОГЛАС БР. 04-16/1 ЗА ПРИЕМ НА РАБОТНИЦИ НА НЕОПРЕДЕЛНО ВРЕМЕ ВО ЈОУДГ БИСЕРЧИЊА - ЗРНОВЦИ
СООПШТЕНИЕ
СООПШТЕНИЕ
за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Урбанистички план за селата МОРОДВИС и ВИДОВИШТЕ
И З В Е С Т У В А Њ Е
За да ги вклучи мислењата и потребите на граѓаните при креирањето на Буџетот, Општина Зрновци изготви Анкетен лист на кој жителите на Општина Зрновци можат да ги напишат своите мислења, потреби, предлози и идеи од јавен интерес и од различни сфери на надлежност на локалната самоуправа.
Прашалникот во електронска форма е објавен на веб-страницата на Општина Зрновци, а во печатена форма може да се пополни во архивата на Општина Зрновци и во сите канцеларии на месните заедници во Зрновци.
Општина Зрновци ви благодари за соработката!
Почитувани,
На 29.10.2016 год на иницијатива на Градоначалникот на општина Зрновци, во Домот на културата со почеток во 19ч се одржа јавен собир на граѓаните на тема: Мостот на река Брегалница.
На линкот подолу е Записникот од јавниот собир на граѓани.
СТРУЧНА РАСПРАВА ПО ПРОСТОРНИОТ ПЛАН НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
Почитувани сограѓани,
Ве информираме дека на ден 25.10.2016 година (вторник) со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Штип ќе се одржи Стручна расправа по Просторниот план на Источен плански регион (Нацрт план) и Јавна расправа по Извештај за Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Просторниот план на ИПР (Нацрт Извештај).
Во продолжение се линковите за двата документи:
http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2015/01/SOZS_PPIPR_draft-final.pdf
http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2015/01/Nacrt-plan-PPIPR.pdf
Почитувани граѓани,
Со особено задоволство, ве информираме дека тендерската постапка за изградба на мостот на река Брегалница е во тек.
Тендерот е објавен на 24 март, а отварањето на понудите ќе се изврши на 27 април. Со градежните активности треба да се отпочне втората половина на мај.
За подетални информации:
http://procurement-notices.undp.org/view_notice.cfm?notice_id=28853
Општина Зрновци заврши со првиот дел чистење на речните корита на Брегалница и Зрновка, според акциониот план за 2015 год. Од Брегалница исчистени се вкупно 1230м а од Зрновка 250м.