Добредојдовте на веб страната на општина Зрновци

Преку кањонот на реката Зрновка, археолошкиот локалитет Моробиздон, како и повеќето цркви и манастири, општината Зрновци претставува овековечено место на многубројни природни и историски реткости што преставува перспектива која ветува успех. Нашата основна преокупација и занимање на голем број семејства е земјоделството, па од тука животот на овие простори подразбира напорна работа, верба во Бога и приврзаност кон земјата.

Блаже Станков -  Градоначалник

1794781 1458920050986368 1651225444 n

 ОТЧЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗА ОПШТИНА ЗРНОВЦИ ЗА ПЕРИОДОТ 2013 -2017 (кликнете за да го погледнете документот)

 

     

     np logo mk

Вести

 Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека проектот општинско - корисна работа „Трето доба 2017“ на општината е одобрен. Во продолжение е јавниот оглас. Ги повикуваме сите заинтересирани невработени лица благовремено да се пријават.

ЈАВЕН ОГЛАС

ОПШТИНСКО - КОРИСНА РАБОТА ЗРНОВЦИ 2017

Почитувани сограѓани,

Општина Зрновци, задоволна од резултатите на предходните проекти од програмата Општинско-корисна работа планира да аплицира со проект на новиот повик за ОКР објавен од страна на УНДП. За таа цел Ве повикуваме да го дадете Вашето мислење за приоритетите во нашата општина од сверата на социјалната заштита. Ве покануваме да го посетите порталот http://moja-opstina.mk/ Постапката е едноставна и брза. Искрено се надеваме дека ќе бидат избрани најсоодветните приоритети а општината ќе аплицира со проект кој ќе биде подржан од страна на УНДП.

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијаниврз животната средина за проектот: “Воспоставување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“

ВЕСТИ

Почитувани, 

На 29.10.2016 год на иницијатива на Градоначалникот на општина Зрновци, во Домот на културата со почеток во 19ч се одржа јавен собир на граѓаните на тема: Мостот на река Брегалница.

На линкот подолу е Записникот од јавниот собир на граѓани.

ЗАПИСНИК

 

СТРУЧНА РАСПРАВА ПО ПРОСТОРНИОТ ПЛАН НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

Почитувани сограѓани,

Ве информираме дека на ден 25.10.2016 година (вторник) со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Штип ќе се одржи Стручна расправа по Просторниот план на Источен плански регион (Нацрт план) и Јавна расправа по Извештај за Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Просторниот план на ИПР (Нацрт Извештај).

Во продолжение се линковите за двата документи:

http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2015/01/SOZS_PPIPR_draft-final.pdf

http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2015/01/Nacrt-plan-PPIPR.pdf

 

 

 

Објавен тендерот за изградба на мост на река Брегалница

Почитувани граѓани,
Со особено задоволство, ве информираме дека тендерската постапка за изградба на мостот на река Брегалница е во тек.
Тендерот е објавен на 24 март, а отварањето на понудите ќе се изврши на 27 април. Со градежните активности треба да се отпочне втората половина на мај.
За подетални информации:

http://procurement-notices.undp.org/view_notice.cfm?notice_id=28853

Чистење на речните корита на Брегалница и Зрновка

Општина Зрновци заврши со првиот дел чистење на речните корита на Брегалница и Зрновка, според акциониот план за 2015 год. Од Брегалница исчистени се вкупно 1230м а од Зрновка 250м.

Makedonija vrabotuva

 

 

 

 

 

 

 

ZELS

 

 

 

Odobrenie za gradenje

Etno kuka Morodvis

Crkva Sv Dimitrij s.Zrnovci

Osvetuvanjeto na plostadot1