Вести

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 04-16/1 ЗА ПРИЕМ НА РАБОТНИЦИ НА НЕОПРЕДЕЛНО ВРЕМЕ ВО ЈОУДГ БИСЕРЧИЊА - ЗРНОВЦИ

СООПШТЕНИЕ

Нацрт СОЖС_УППс Видовиште

Нацрт СОЖС_УППс Мородвис

Нацрт СОЖС_УППс Зрновци

Јавен увид и расправа по нацрт извештајот за стратегискаоцена на влијанието врз животната средина за УПС ЗРНОВЦИ, УПС МОРОДВИС и УПС ВИДОВИШТЕ

 

СООПШТЕНИЕ

за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Урбанистички план за селата МОРОДВИС и ВИДОВИШТЕ

Соопштение МОРОДВИС

Соопштение ВИДОВИШТЕ

 

СООПШТЕНИЕ

за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Урбанистички план за село (УПС) Зрновци, општина Зрновци

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

За да ги вклучи мислењата и потребите на граѓаните при креирањето на Буџетот, Општина Зрновци изготви Анкетен лист на кој жителите на Општина Зрновци можат да ги напишат своите мислења, потреби, предлози и идеи од јавен интерес и од различни сфери на надлежност на локалната самоуправа.

Прашалникот во електронска форма е објавен на веб-страницата на Општина Зрновци, а во печатена форма може да се пополни во архивата на Општина Зрновци и во сите канцеларии на месните заедници во Зрновци.

Општина Зрновци ви благодари за соработката!

 

АНКЕТЕН ЛИСТ

www.zrnovci.gov.mk

 

 

 

 

Education

Education

In municipality of Zrnovci exist one Central Primary School “Sinisa Stoilov” which is located in Zrnovci and one Regional Primary School (1 – 4 grade) in Morodvis. The school has 37 employees and it is attended by 214 students.

Both schools are completely renovated with its own central heating system, and in the school yard in Zrnovci is building a modern school sports hall.

сл.1 Училиштето во с.Мородвис                                                                                      сл.2 Училиштето во с.Зрновци

Спорт

Спорт

На полето на спортот делува фудбалскиот клуб "Зрновка" од Зрновци кој се натпреварува во меѓуопштинската лига и има свој стадион со фудбалско игралиште и соблекувална. Во рамките на овој клуб работи и фудбалскиот подмладок.

Во финална фаза на изградба е училишната спортска сала во дворот на ОУ „Синиша Стоилов“ а во план е изградба и на повеќенаменско спортско игралиште во с.Зрновци. Овие објекти во иднина ке дадат солидни услови за развој на спортот во општина Зрновци

Сл.бр.1 Фудбалско игралиште с.Мородвис

Туризам

Културни споменици

На територијата на општината постојат следните манастири: Св. Недела во Зрновци, Св. Спас и Св. Петка во Видовиште, и Св. Симеон во Мородвис.

Во Зрновци опстојува црквата Св. Димитрија. Споменици на паднатите борци има по еден во Зрновци и Видовиште.

Во селото Мородвис се наоѓа археолошко наоѓалиште "Црквиште" откриено во 1980 год. Станува збор за средновековен град Моробиздон кој еден милениум бил културен, економски, црковен и политички центар на источна Македонија.

Моментално истражувањата се концентрирани во црковноепископскиот комплекс. Досега се откриени црква од Самоилово време, над 350 средновековни гроба, и мноштво на накит, керамика и други материјали. Сочувани се четири цркви од кои најстарата е од пети век, а најмладата е од 13 век. Богати биле декорирани со фрески и мозаици.

Во наредниот период се планира да се доистражи комплексот, да се конзервира и да се презентира пред пошироката домашна и светска јавност.

Ингеренциите за чување, одржување и презентирање паѓаат на одделението за заштита на спомениците на културата од Кочани.

Угостителство

Во општината, поточно во с.Зрновци постојат три угостителски објекти:

1.Ресторант „Зрновка“, во центарот на селото со 400 места

2.Кафе бар „Аминта“ , во центарот на селото со 250 места

3.Кафе бар „Рио“, во центарот на селото со 100 места

Прекрасната местоположба на трите села сместени под планината Плачковица и прекрасната Зрновска долина, по реката Зрновка овозможува пријатни мигови на секој посетител, љубител на селската идила. Лесната достапност на општината како и прекрасните бројни планински патеки нема да го остават никој рамнодушен.

КУЛТУРНО ИСТОРИСКИ СПОМЕНИЦИ ВО ЗРНОВЦИ

Црква „Св. Великомаченик Димитрије“ – Зрновци

Оваа црква која се наоѓа на горниот ( стар) дел од селото Зрновци е изградена некаде во 19 век а била на неколкупати обновувана. Има карактеристична градба за црквите од овој крај, располага со 65 значајни, со закон заштитени икони ( работени во темпера, со гипсен грунд врз даска со различни димензии, најмалата е 22цм х 17,5цм а најголемата е со димензии 105,5цм х 80,5цм х 2,5цм). Сите се работени во втората половина на 19 век од непознат автор. Се претпоставува дека тоа би можел да биде Димитрија Андонов Папрадишки кој работел со своја тајфа во црквите во Кочанско. Во дворот на црквата постои и стар гроб со натпис на некој поранешен свештеник.

Манастир „Св. Томова Недела – Зрновци

Овој манастир е од редот на најмалите и најнови манастири во општината Зрновци. Изграден е во 1975 год како последица на еден немил настан каде од гром загинаа две жени од селото. Покровител на манастирот е г-нот Драги „фурнаџијата“, сопруг на една од нстраданите жени. Рамото на манастирот е на „Св. Томова Недела“ каде се собираат луѓе од околината, се служи манастирско јадење и се оди на „лековитата водичка“ каде луѓето си ги мијат рацете и очите за здравје и принесуваат дарови.

Манстир „Св. Симеон Столпник“ – Мородвис

Манастирот кој е посветен во чест и спомен на преподобниот Симеон Столпник,е сместен во подножјето на планината Плачковица, во атарот на с.Мородвис. Заради не евидентирани пишани документи,презентираното во врска со изградбата и осветувањето на манастирот е од искази на некои од постарите жители на с.Мородвис.

Според нивни искази на тоа место постојал манастир посветен на Св.Јован (не е познато дали е Крстител или Богослов), каде што месното население за време на втората светска војна наоѓало прибежиште, а подоцна месното население се собирало на 2 август на празникот посветен на Св.Илија. Во 1957г. по иницијатива на селаните и со нивни средства почнала изградбата на манастирот. Многу подоцна во 1983г. манастирот бил осветен од тогашниот надлежен епархиски Архиереј.Градбата на манастирот се состоела од камења ѕидани со кал и печена тула, кровната конструкција била од греди, а кровот од плет од гранќи. Во 2001 до 2002год. е извршена реконструкција на манастирот со благослов на Митрополитот г.Агатангел.

Манастир „Св. Спас“ – Видовиште

И овој манастир е од редот на поновите манастири изграден во 1980 год. од страна на фамилијата на една млада девојка од селото, по име Ленче. Долго била измачувана од светиите се додека не ископале на сонуваното место и пронашле крст, огниште и лековити води. Тука веднаш до манастирот има три лековити води посветени на Св. Спас, Св. Богородица и Св. Јован. Водите се посетени од лицата кои имаат проблеми со мажачка, со очите и немаат деца . Рамото на манастирот е на „Св. Спас“ секоја година каде луѓето доаѓаат, оставаат дарови, се молат за здравје и се служи манастирска манџа.

Манастир „Св. Петка“ – Видовиште

Овој манастир се наоѓа на 4 км над селото Видовиште, на една прекрасна ледина со прекрасен поглед кон кочанската котлина. Изграден е во 1927 год од баба Тофка од с. Облешево која сред ноќ била „одвлечена“ од светиите на ова место со цел да го пронајде и открие овој манастир. До самиот манастир сега во тек е изградба и на конаци.

Непосредно до манастирот има и чешма со лековита вода. Рамото на манастирот е на „св.Петка“ на 8 август.

 Археолошко наоѓалиште: „Црквиште“, Моробиздон, с. Мородвис.

Споменик на паднатите борци од 2 светска војна – парк во с. Зрновци

Споменик на „Св.Горги“ – на „могила“ над с. Видовиште

ТУРИСТИЧКИ ЗНАМЕНИТОСТИ ОД РЕГИОНОТ ОКОЛУ ЗРНОВЦИ

Виничко Кале – Виница

Се наоѓа на само 6 км од Зрновци а до таму води асфалтиран локален пат.

( текст и слики да се земат од линкот: http://vinicaonline.info/index.asp?meni=68sodr=63

Црква „Св.Јоаким Осоговски“ – с. Јаќимово

Станува збор за новоизградена црква во с. Јаќимово кое се наоѓа на околу 8 км од Зрновци. Градбата е импозантна градена според старите православни канони а за нејзината изградба помогнале бројни граѓани од земјата и странство. Местоположбата е на еден прекрасен рид над селото од каде се гледа целата Виничка и Кочанска котлина. Црква која заслужува да се посети.

Археолошки локалитет „Баргала“ с. Козјак ( општина Карбинци)

Текст и слики на линк: www.culture.org.mk/eBARGALA.HTM

Манастир „Св. Пантелејмон“ – с. Пантелеј , Осоговски планини

Во атарат на село Пантелеј на 12 км. од Кочани се наоѓа манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон изграден во 19 век. Секоја година на 9-ти август се одржува црковно народен собор кој привлекува илјадници посетители.

Месност и летувалиште „Пониква“ – Осоговски планини

На надморска висина од 1,500 м на планината „Осогово“ се наоѓа месноста „Пониква“. Таму се сместени и скијачки патеки, детско летувалиште и неколку приватни угостителски објекти кои нудат пријатни мигови и деликатеси за посетителите.

Текст и слики од линк : www.ponikva.com.

Црквиште-Моробиздон, с. Мородвис, Општина Зрновци
Во подножјето на планината Плачковица, на 2км од Зрновци и седум километри јужно од Кочани, е селото Мородвис, каде се наоѓа Црквиште - Моробиздон, комплекс од доцноантички и средновековни локалитети 

                                                                     

                                                      

Станува збор за населба во која животот се одвивал во периодот од В до ВИИ век, кога била напуштена, за да оживее повторно во ИЏ век, населена од Словените. Во периодот од Џ до ЏВ век, овој локалитет доживеал кулминација, претставувајќи црковно средиште на Брегалничкиот регион, во времето на Самоиловата држава, станувајќи епископско седиште во рамките на Охридската епископија. Просперитетот на градот Моробиздон и Мородвишката епископија запрел кон крајот на ЏИИ век, време на завладување на српската држава со овие простори, а во 1347 година, со одлука на црковниот собор одржан во Скопје, седиштето на епископијата се преместило во Злетово.
Со научните истражувања, на овој простор е откриена црква од В век, со гробница како нејзин интегрален дел. Судејќи според начинот на градба, мермерниот под и столбовите и капителите со претстави од средновековни мотиви, утврдено е дека станува збор за едно високо ниво на техника на градење и украсување. Од времето на големиот просперитет на градот, како на економско-политички, така и на културен план, откриена е катедралната црква, репрезент на средновковната архитектонска концепција, фрескописана, со под изработен во техниката секстиле и црковен мебел од делкан камен. Со истражувањата, откриено е дека врз оваа црква, во ЏИИИ век, била изградена нова помала црква, околу која е откриена некропола, од ЏИИ до ЏИЏ век, со повеќе од 350 гробови во кои се пронајдени предмети од сребро, бронза, коска, стакло и текстил.

КУЛТУРНО ИСТОРИСКИ СПОМЕНИЦИ ВО ЗРНОВЦИ

Mанастир Св. Недела - Зрновци (мал манастир) Овој манастир е од редот на најмалите и најнови манастири во општината Зрновци. Изграден е во 1975 год како последица на еден немил настан каде од гром загинаа две жени од селото. Покровител на манастирот е господинот Драги „фурнаџијата“, сопруг на една од настраданите жени. Рамото на манастирот е на „Св. Томова Недела“ каде се собираат луѓе од околината, се служи манастирско јадење и се оди на „лековитата водичка“ каде луѓето си ги мијат рацете и очите за здравје и принесуваат дарови.

Mанастир Св. Спас - Видовиште И овој манастир е од редот на поновите манастири изграден во 1980 год. од страна на фамилијата на една млада девојка од селото, по име Ленче. Долго била измачувана од светиите се додека не ископале на сонуваното место и пронашле крст, огниште и лековити води. Тука веднаш до манастирот има три лековити води посветени на Св. Спас, Св. Богородица и Св. Јован. Водите се посетени од лицата кои имаат проблеми со мажачка, со очите и немаат деца . Рамото на манастирот е на „Св. Спас“ секоја година каде луѓето доаѓаат, оставаат дарови, се молат за здравје и се служи манастирска манџа.

Mанастир Св. Петка - Видовиште Овој манастир се наоѓа на 4 км над селото Видовиште, на една прекрасна ледина со прекрасен поглед кон кочанската котлина. Изграден е во 1927 год од баба Тофка од с. Облешево која сред ноќ била „одвлечена“ од светиите на ова место со цел да го пронајде и открие овој манастир. До самиот манастир сега во тек е изградба и на конаци. Непосредно до манастирот има и чешма со лековита вода. Рамото на манастирот е на „св.Петка“ на 8 август.

Mанастир Св. Симеон - Мородвис Манастирот кој е посветен во чест и спомен на преподобниот Симеон Столпник, е сместен во подножјето на планината Плачковица, во атарот на с.Мородвис. Заради не евидентирани пишани документи, презентираното во врска со изградбата и осветувањето на манастирот е од искази на некои од постарите жители на с.Мородвис. Според нивни искази на тоа место постојал манастир посветен на Св.Јован (не е познато дали е Крстител или Богослов), каде што месното население за време на втората светска војна наоѓало прибежиште, а подоцна месното население се собирало на 2 август на празникот посветен на Св.Илија. Во 1957г. по иницијатива на селаните и со нивни средства почнала изградбата на манастирот. Многу подоцна во 1983г. манастирот бил осветен од тогашниот надлежен епархиски Архиереј. Градбата на манастирот се состоела од камења ѕидани со кал и печена тула, кровната конструкција била од греди, а кровот од плет од гранќи. Во 2001 до 2002год. е извршена реконструкција на манастирот со благослов на Митрополитот г.Агатангел.

Црква Св. Димитрија - Зрновци     Оваа црква која се наоѓа на горниот ( стар) дел од селото Зрновци е изградена некаде во 18 век а била на неколкупати обновувана. Има карактеристична градба за црквите од овој крај, располага со 65 значајни, со закон заштитени икони ( работени во темпера, со гипсен грунд врз даска со различни димензии, најмалата е 22цм х 17,5цм а најголемата е со димензии 105,5цм х 80,5цм х 2,5цм). Сите се работени во втората половина на 19 век од непознат автор. Се претпоставува дека тоа би можел да биде Димитрија Андонов Папрадишки кој работел со своја тајфа во црквите во Кочанско

                                                     


Историја

За настанокот на Зрновци, како и за многу други селски населби во Кочанската котлина, не се располага со конкретни изворни податоци. Но постои едно мошне интересно предание.

Плодната обработлива земја и поволните климатски услови го привлекле вниманието на преселните племиња уште од најстарите времиња. Меѓу најстарите жители било племето Меди, кое припаѓало на народот Трачани. Меѓутоа, во II век пред нашата ера (од 148 г. п.н.е), Кочанско-Виничкиот регион потпаднал под власта на Римјаните. Нивното владеење имало позитивно влијание и мошне големо значење за регионот, бидејќи тие ја култивирале оваа географска средина и го интензивирале земјоделското производство. Со доаѓањето на Словените од VI-VIII век н.е., цивилизацијата со векови создавана на ова тло полека започнала да исчезнува. Во Зрновци, Видовиште, Истибања и др постојат значајни траги од римското владеење. Меѓутоа, Словенскиот елемент преовладувал уште во првата половина на VII век, создавајќи една компактна етничка основа која се одржала до денес.

Во подножјето на планината Плачковица, на седум километри јужно од Кочани, е селото Мородвис, каде се наоѓа Црквиште - Моробиздон, комплекс од доцно антички и средновековни локалитети.
Археолошки локалитет Моробиздон.

Станува збор за населба во која животот се одвивал во периодот од V до VII век, кога била напуштена, за да оживее повторно во IX век, населена од Словените. Во периодот од X до XV век, овој локалитет доживеал кулминација, претставувајќи црковно средиште на Брегалничкиот регион, во времето на Самоиловата држава, станувајќи епископско седиште во рамките на Охридската епископија. Просперитетот на градот Моробиздон и Мородвишката епископија запрел кон крајот на XII век, време на завладување на српската држава со овие простори, а во 1347 година, со одлука на црковниот собор одржан во Скопје, седиштето на епископијата се преместило во Злетово.
Со научните истражувања, на овој простор е откриена црква од V век, со гробница како нејзин интегрален дел. Судејќи според начинот на градба, мермерниот под и столбовите и капителите со претстави од средновековни мотиви, утврдено е дека станува збор за едно високо ниво на техника на градење и украсување. Од времето на големиот просперитет на градот, како на економско-политички, така и на културен план, откриена е катедралната црква, репрезент на средновковната архитектонска концепција, фрескописана, со под изработен во техниката секстиле и црковен мебел од делкан камен. Со истражувањата, откриено е дека врз оваа црква, во ЏИИИ век, била изградена нова помала црква, околу која е откриена некропола, од XII до XIX век, со повеќе од 350 гробови во кои се пронајдени предмети од сребро, бронза, коска, стакло и текстил. 

ПРЕДАНИЕ1

Постои едно народно предание од првата половина на XIV век, за време на владеењето на Цар Душан и деспотот Јован Оливер, според кое еден богат човек од с. Зрновци имал три ќерки: Мара, Вида и Трајанка. Ќерките ги омажил — Мара во Мородвис, Вида во Видовиште, а Трајанка во Теранци, па така, по нивните имиња, се претпоставува, наведените селаги добиле своите имиња. Таткото на тие девојки наредил на подножјето од планината Плачковица да се изгради канал за вода за наводнување, кој се протегал од с. Зрновци  на исток до с. Теранци на запад. Каналот постои и ден денес.

ПРЕДАНИЕ2

Второто предание вели дека во минатото овој крај изобилувал со пасишта и зеленило и дека луѓето чувале многу овци ама сите имале по малку „едно зрно“ овци и така од таму доаѓа името Зрно-овци, Зрновци. 

ПРЕДАНИЕ3

Третото предание е многу интересно и се однесува за почетокот на одгледување на ориз на овие простори. Имено пред околу пет века пред да дојдат турците на овие простори имало некој многу богат трговец од овој крај кој вршејќи трговија отишол дури во Кина. Таму тој видел како луѓето произведуваат ориз, го пробал и многу му се  допаднал. Истиот сакал да го пренесе и одгледува во својот роден крај. Арно ама кинезите на границите многу строго забранувале пренесување на арпа ( нелупен ориз – семе). Се мислел нашиот трговец што да направи и најпосле смислил: купил едно јато гуски, им ги врзал гркланите за да не можат да голтаат и пред граница ги нахранил богато со арпа. Ја поминал границата и веднаш потоа ги заклал гуските ја собрал арпата и така ја донел во Кочанско и се отпочнало со производството на ориз кое продолжува и ден денеска. 

* * *

По смртта на деспотот Јован Оливер во 1355 година со Зрновци и Кочанско-Виничкиот регион владееле браќата Константин и Јован Драгаш, а црковно потпаѓале првин под Мородвиската, а потоа под Злетовската епископија. Кон крајот на XIV век, поточно во 1395 година, со доаѓањето на Турците овој крај потпаднал под Османлиска власт. Поради турскиот зулум над незаштитеното македонско население, дел се иселиле од овој крај, а дел заминале во ајдути, така што во Зрновци и другите селски населби во Кочанската котлина се повеќе се зголемувал бројот на турското население.

 

МОРОДВИС - НАЈСТАРА НАСЕЛБА ВО КОЧАНСКИОТ РЕГИОН

Животот во Кочанската котлина постоел многу одамна. Постоеле помали и поголеми населеби, меѓу кои Запара, Келенидиј и Армонија, за кои се претпоставува дека егзистрале на овие простори. Најстара населба што ја среќаваме во историските записи, а која постои и денес е населбата Мородвис. На местото каде денес се наоѓа Мородвис, порано постоело Мороздвизд, Форомиздос, Форомендис, Моробиздон  - различни форми на записи за една иста населба.

Од формирањето во 969 односно 976 година, до згаснувањето во 1018, на Самуиловата држава, градот Мороздвизд се наоѓал во нејзин состав. За време на нејзиното постоење израснал во значаен воен и духовен град (центар) во Брегалничката област. По смртта на Иван Владислав, градот Мороздвизд доброволно се предал на Василиј II кога овој бил во Мосинопол. Ова го пишува во "Кратката историја" (811-1079) од византискиот историчар Јован Скилица каде што се вели: "а таму (во Мосинопол - К. С.) дошле пратеници на населението од Пелагонија, Мороздвизд и Липљан, кои на царот (Василиј II - К. С.) му ги предале градовите". Ова е првиот извор во кој се споменува градот Мороздвизд, 16526г - (1018) година.

По уништувањето на Самуиловата држава, една година подоцна, во 1019 година повторно се споменува градот Мороздвизд, но сега како епископски центар, во хрисовулот на Василиј II даден на Охридскиот архи-епископ. Во хрисовулот се вели :"... и епископот на Мороздвизд да има во самиот Мороздвизд и во Козјак, Славиште, Злетово, Луковица, Пијанец и Малешево, 15 клирици и 15 парици." Co оваа грамота Василиј II ја прифатил постоечката црковна административна поделба, со тоа не го уништил значењето на населбата Мороздвизд.

Вр почетокот на 12 век Малешево станал епископски центар на Брегалничката област (епископија). Иако од крајот на 11 век Мороздвизд го изгубил духовното знзчење, животот не замрел. Ова се гледа и од Теографијата" на Арабјанецот Идризи, запишана кон средината на 12 век. Идризи за Мороздвизд (Форомиздос) вели: "Од Куритус, в десно го изоставаш патот за Ахрисубули (Орфано) и се спушташ на север за градот Фурумиздус (Мородвис), до кој има два дена пат. Последниот е масовен град распространет на врвот на една височинка. Тој има лозја и непрекинато надоврзани обработливи полиња." Co археолошките ископувања во с. Мородвис, во питоси се најдени зрна грозје и повеќе сорти жита.

Во 60-те или 70-те години на 13 век епископски центар повторно станала населбата Мороздвизд. Тоа траело и во наредниот период, но постепено опаѓало значењето на Мороздвизд. Српскиот крал Милутин (1282-1321) во првите години од своето владение освои повеќе територии од Македонија, меѓу кои и Брегалничката област. Во 1300 го-дина во Грамотата дадена на скопскиот манастир "Св. Георги Горго", Милутин наведува дека манастирот поседува имот "Авазгово под Мо-роздвизд, што го придодаде госп. Маноил Царот, со лозја, со ниви, со ливади, со пасишта, со летници, и зимници и со воденици, со планината и со сите права."

Мороздвиздската епископија постоела и за време на српското владеење, но нејзината територија полека се смалувала и го губела значењето што го имала во Брегалничката област и пошироко. Тоа се гледа и од Грачаничката грамота на Милутин при крајот на неговото владеење од 1321 година. Од грамотата се гледа дека кралот Милутин го дарувал Грачаничкиот манастир со села и земја меѓу кои "И по Вранју и по Славиште и по... и по Злетово и Мороздвизд и по . . . и (нејасно -м.з.) од области грчки крал господар сум и на кралевите на земјите Злетовски, Самоковски и Шуменски татковина и дедовина при Ибар Марица наречен, го зедов тоа и го дадов на владеење или на Липљанските или на Призренските епископии." Дел од Мороздвиздската епископија ја ставил под јуриздикција на Липљанската или Призренската црква.

Во 1341 година владетелот на источниот дел од Македонија Јован Оливар го изградил манастирот "Св. Архангел Михаил", во с. Лесново, a веќе наредната 1342 година го подарил на Хиландарскиот манастир. Co повелбата на Душан, дадена на Лесновскиот манастир "Св. Архан-гел Михаил" во 1347 година манастирот станал седиште на новосоздадената Злетовска епископија. Кон оваа епископија се спојува територијата на веќе запуштената Мороздвиздска епископија. Во повелбата е опишана границата на Мороздвизд што почнувала од Зрновштица и одела до Воихнино Селиште. Во Зрновштица се подарени две воденици, а половина од водата требало да му припадне на Мороздвизд. Меѓата на Мороздвизд спрема Зр-новштица, почнувајќи од Зрновштичката Река, не можелада се утврди, бидејќи имотите на населението од Мороздвизд и Зрновштица била измешана.

Пред да потпадне Македонија под Османлиска власт со територијата на Брегалничката област и пошироко управувале браќата Дејанови (Јован и Константин Драгаш) чија престолнина била во Велбужд, денешен Ќустендил. Во рамките на оваа држава влегла и веќе запустената населба Мороздвизд. Од овој период ја имаме грамотата на Константин Драгаш дадена во 1381 година на Хиландарскиот манастир според која "селото Мороздвизд заедно со заселците Роковци и Грдовци со сите меѓи и права на тоа село" се дава како имоти на манастирот.

                                                                                        Коце СТОЈМЕНОВ

Etno kuka Morodvis

Crkva Sv Dimitrij s.Zrnovci

Osvetuvanjeto na plostadot1