oz logo hirez h1200

Indicatori Financiar Web Banner ALB 2

  • За Општината

    За Општината

    Добредојдовте на веб страната на општина Зрновци  Општина Зрновци—рурална општина во Источна Македонија, припаѓа на Источниот плански регион. Седиштето на општината е Read More
  • Финансиски Индикатор

    Финансиски Индикатор

        Read More
  • Зрновци

    Зрновци

     Селото Зрновци е седиште на општината Зрновци и се наоѓа на 8 км јужно од градот Кочани, во подножјето на планината Плачковица. Според пописот од Read More
  • Мородвис

    Мородвис

     Селото Мородвис се наоѓа на само 2.5км од седиштето на општината, селото Зрновци. Според пописот од 2002 год имало 549 жители а Read More
  • Видовиште

    Видовиште

      Селото Видовиште е село во општина Зрновци, оддалечено 3.5км од с.Зрновци. Според пописот од 2002 година, селото имало 494 жителиа, Read More
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Добредојдовте на веб страната на општина Зрновци

Општина Зрновци—рурална општина во Источна Македонија, припаѓа на Источниот плански регион. Седиштето на општината е во селото Зрновци, кое е и најголемо населено место во општината со 2221 жител според пописот од 2002 година.

Општина Зрновци има вкупно 3 населени места (Зрновци, Мородвис и Видовиште), население од 3264 жители и има вкупна површина од 51.764.076 метри квадратни. Актуелен градоначалник на Општина Зрновци е Борчо Коцев.

Општина Зрновци на исток се граничи со општина Виница, на запад со општина Чешиново Облешево, на југ со општина Карбинци на север со општина Кочани.Од главниот град на Македонија општината е оддалечена 134 километри. Општина Зрновци е воглавно земјоделска општина и е една од помалку еколошки загадените општини во Македонија.

Знаме на општина Зрновци

800px Flag of Zrnovci Municipality.svg

Грб на општина Зрновци

Opstina Zrnovci Grb Vektorski 2019 

 Документарна емисија за општина Зрновци - прв дел - https://www.youtube.com/watch?v=XjxZiWzoPl0

БОРЧО КОЦЕВ - Градоначалник на општина Зрновци

 


Борчо Коцев е роден на 16.09.1982 год во Кочани. Основното образование го завршува во ОУ „Синиша Стоилов“ - Зрновци а средното во ДЕМАУЦ „Гошо Викентиев„ – Кочани.

Своето образование го продолжува на Воената академија во Скопје каде се стекнува со чинот потпоручник – офицер од родот пешадија. Во моментот е запишан на постдипломски студии на Факултетот за безбедност – Полициска академија, отсек организиран криминал.

Од 2006 – 2007 работи во Основен суд – Кочани како судски полицаец а од 2007 до 2021 во истиот суд работи како командир на судска полиција.

Од англискиот и италијанскиот јазик има основни познавања а хоби му е спортски лов и риболов.

На последните локални избори во октомври 2021 е избран за Градоначалник на општина Зрновци во својот прв мандат.

________________________________________________________________________

ВЕСТИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани сограѓани,

Општина Зрновци ги повикува граѓаните, правните лица и невладините организации да дадат свој допринос кон креирањето на Буџетот на општина Зрновци за 2025 год. со свои мислења, предлози и проекти.

Истите можат на писмено да ги достават до архивата на општината, да ги остават во кутијата за таа намена во ходникот на општинската зграда или да ги испратат на емаил info@zrnovci.gov.mk 

Рокот е до 18.12.2024 год.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Зрновци објавува ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на учесници за

доделување на стипендии. Рок за пријавување:23.12.2024

ЈАВЕН ПОВИК         ПРАВИЛНИК

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ОПШТИНАТА НА ДЛАНКА - Линк до флаерот

ОПШТИНА ЗА СИТЕ!

ЕДНАКВОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ

mk flaer biznisi srmajpg page1 scaled 1

mk flaer biznisi srmajpg page2 scaled

mk flaer javnost srmajpg page1 scaled

mk flaer javnost srmajpg page2 scaled

mk flyer opstini srmajpg page1 scaled 1

mk flyer opstini srmajpg page2 scaled

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Рудникот САСА - Македонска Каменица ве поканува на презентација за отворени работни позиции за рударски позиции

Памфлет

ИЗВЕСТУВАЊЕ

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ
СО ПЛАН ЗА ПАРЦЕЛАЦИЈА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА 14.1 на дел од КП 5300, КО Зрновци, со основна класа на намена А1 - домување во станбени куќи, за дел од блок 14 од УПС Зрновци, КО Зрновци, ОПШТИНА ЗРНОВЦИ

https://easyupload.io/k8rnw5

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

ОДОБРЕН УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ СО ПЛАН ЗА ПАРЦЕЛАЦИЈА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА 14.2 на КП 5291 и КП 5290/2, КО Зрновци, со основна класа на намена Б1 - мали комерцијални и деловни намени, за дел од блок 14 од УПС Зрновци, КО Зрновци,    https://easyupload.io/giiaz4

Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација за изменување и дополнување на Урбанистички план за село Мородвис Блок 14, Блок 20, Блок 21 и Блок 22 со детална разработка, општина Зрновци

https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=2635       Синтезен план

Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација за Изменување и дополнување на Урбанистички план за село Зрновци Блок 11 со детална разработка, Општина Зрновци

https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=2634       Синтезен план

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Одобрен Урбанистички проект со план за парцелација на градежна парцела https://easyupload.io/xedux5

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Одобрена планска програма за изменување и дополнување на Урбанистички план за село Зрновци Блок 11 со детална разработка, Општина Зрновци

https://ufile.io/3cww6fil

Одобрена планска програма за изменување и дополнување на Урбанистички план за село Мородвис Блок 14, Блок 20, Блок 21 и Блок 22 со детална разработка, општина Зрновци

https://ufile.io/j29l7jec

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Еден од примерите за успешна дигитализација е платформата за е-услуги, ЛОГЕС, првиот софтвер во државата за услуги на локално ниво. Развиен од УНДП, овој софтвер веќе функционира во 25 општини и нуди услуги во секое време, секаде во светот каде што има интернет конекција. ЛОГЕС осигурува безбедно онлајн плаќање и добивање на услугата од општината веднаш, по електронски пат, без да се помине ни минута во општинската зграда.

Нашата општина во соработка со УНДП и Центарот за развој на Источен плански регион преку платформата е-услуги на граѓаните им нуди 20 (дваесет)онлајн услуги, но бројот може да се зголеми соодветно на потребите на граѓаните, затоа што ЛОГЕС има опција за воведување нови услуги.

Отворете ги линковите да се информирате!

Дигитализирана општина ЗРНОВЦИ

https://www.youtube.com/watch?v=glYTzb1uqD4&t=26s     

Користењето на платформата за е-услуги на Општина Зрновци е многу едноставно, за само 3 минути можете да го креирате Вашиот профил и од комфорот на Вашиот дом да искористите некоја од услугите кои што Ви стојат на располагање. Процесот на регистрација можете да го погледнете на видеото во продолжение.

Дигитализацијата на општинските услуги беше поддржана од страна на УНДП и Бирото за регионален развој.

(https://www.youtube.com/watch?v=zWYaHNK-HPg)

 ----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани сограѓани,

Општина Зрновци ги повикува граѓаните, правните лица и невладините организации да дадат свој допринос кон креирањето на Буџетот на општина Зрновци за 2024 год. со свои мислења, предлози и проекти.

Истите можат на писмено да ги достават до архивата на општината, да ги остават во кутијата за таа намена во ходникот на општинската зграда или да ги испратат на емаил info@zrnovci.gov.mk 

Рокот е до 20.12.2023 год.

----------------------------------------------------------------------------------------------------

ОБЈАВА бр. 1

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во Општина Зрновци

Рок за пријавување е до 18.09.2023 год.

--------------------------------------------------------------------------------------------------

Почитувани сограѓани,

Општина Зрновци го издаде првото издание на Бизнис информаторот како гласило со информации за нашите стопанственици и локалниот економски развој на општината. 

Бизнис информатор бр. 1

--------------------------------------------------------------------------------------------------

ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ   

https://files.fm/u/9f3kje4zg

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОСТАПНОСТ НА ДОКУМЕНТ

ФОРМУЛАР ЗА КОМЕНТАРИ

---------------------------------------------------------------------------------------------------

24.02.2023 Амбасадорот на НР Кина, Џанг Ѕуо со своите соработници денеска ја посети Општина Зрновци, при што со градоначалникот Борчо Коцев разговараше за унапредување на економската соработка и промоцијата на туристичките потенцијали.

 DSC 0100

DSC 0126

__________________________________________________________________

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат сите учесници на сообраќајот на регионалниот патен правец општина Зрновци - општина Виница дека се започнати градежни активности за реализација на проектот:„Изградба на канали за наводнување и одводнување и каскади на река Зрновка“ АПЕЛИРАМЕ за поголема внимателност и намалена брзина при движењето!

Ви благодариме за разбирањето и соработката!

Општина Зрновци

-----------------------------------------------------------------------------------------------------

КОНКУРС за доделување на стипендии на новозапишани студенти од општина Зрновци и студенти кои веќе студираат на јавните високообразовни институции во Република Северна Македонија и стипендии за ученици на самохрани родители и ученици на невработени родители од основното и средно образование од општина Зрновци

Рокот е  до 23.01.2023 год.

---------------------------------------------------------------------------------------------------

ПРОЕКТНА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРУПА НА КЛАСА НА НАМЕНА

Е-ИНФРАСТРУКРУРА, Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ на КП бр.1431, КП бр.1432 и дел од КП бр.1433,
со моќност до 1 MW (еден мега ват), КО МОРОДВИС
____________________________________________________________

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани сограѓани,

Општина Зрновци ги повикува граѓаните, правните лица и невладините организации да дадат свој допринос кон креирањето на Буџетот на општина Зрновци за 2023 год. со свои мислења, предлози и проекти.

Истите можат на писмено да ги достават до архивата на општината, да ги остават во кутијата за таа намена во ходникот на општинската зграда или да ги испратат на емаил info@zrnovci.gov.mk 

Рокот е до 12.12.2022 год.

---------------------------------------------------------------------------------------------------

ИЗВЕСТУВАЊЕ во врска со Африканската чума кај свињите

Решение 03.08.2022

Решение 15.08.2022

УПАТСТВО за определување на пазарната вредност на животните кои се одземаат заради сузбивање и искоренување на заразни болести

------------------------------------------------------------------------------------------------------

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО НА ОПШТИНА ЗРНОВЦИ

Агенцијата за катастар на недвижности во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“ финансиран од Кралството Шведска го продолжува теренското прибирање на графички и атрибутни податоци за улици и куќни броеви во функција на воспоставување на графичкиот регистар за улици и куќни броеви. Теренските активности ќе ги спроведува Друштвото за премер на земјиште, инжинеринг и трговија ГЕОФОТО ЗЕНИТ ИНЖИНЕРИНГ ДОО – Скопје.
Активностите на терен во нашата општина ќе се одвиваат во текот на наредната недела, односно од 22 – 26 август 2022

--------------------------------------------------------------------------------------------------- 

Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 11.01 – КП 5590, КО Зрновци со основна класа на намена Г2-лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, по измена и дополна на УПС Зрновци за една градежна парцела, дел од блок 11, Општина Зрновци (со одлука на совет бр.07-529/1 од 29.06.2012 год)

ЕЗС Фотоволтаична централа на КП 5590 КО Зрновци

Решение за одобрување на Елаборат за животна средина

Урбанистички проект член 63

---------------------------------------------------------------------------------------------------

Општина Зрновци објавува ЈАВЕН ПОВИК за 2 негователи на деца од предучилишна возраст во ЈОУДГ Бисерчиња - Зрновци во склоп на Програмата Општинско-корисна работа за 2022 - 2023. Подетални информации на линкот погоре или во општина Зрновци и Центарот за вработување - Кочани

-------------------------------------------------------------------------------------------------

Согласно „Програмата за заштита на населението од заразни болести“ на општина Зрновци, предвидени се три теристички третирања и дезинсекција - прскање против комарци од земја на површина од 60ха во трите населени места. 

Се известуваат граѓаните на општина Зрновци дека на ден 31.05.2022  во период од 23:00 - 01:00 часот по полноќ ќе се изврши теристичко прскање против комарци од земја во сите три населени места.

---------------------------------------------------------------------------------------------------

Одобрен урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на канализационен колекторски цевковод со пречистителна станица за отпадни води во село Зрновци, КО Зрновци, Општина Зрновци  https://fastupload.io/ptM2mZvoKEKeG4R

____________________________________________________________

moj danok slika

Започна кампањата „ Мојот данок, за мојата општина! “

До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот.

Општина Зрновци како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.

Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмирување на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.

Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото на https://www.youtube.com/watch?v=kV46872donQи информирајте се повеќе од летоците објавени на линковите :

ЛЕТОК УСАИД       ЛЕТОК Општина 1      Леток Општина 2

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------- 

UP O.Zrnovci 01.22-PR.pdf
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за КП бр. 3123/1, КП бр. 3123/2, КП бр. 4081 и КП бр. 4082 КО Зрновци, со намена А3.4 - семејни куќи за времен престој - викенд куќи, општина Зрновци     https://easyupload.io/5rgr52

______________________________________________________________

Промоција на Локалниот Младински Совет на општина Зрновци и неговата Годишна програма

Линк до видеото: https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=oZ0kuJsu19Q&fbclid=IwAR36tNjUiqxlc8gmC8vPBBegYH6p7Jx6OEf6Hef6phtFes5lKvIA_cPjCBQ 

__________________________________________________________________________________

Повик за јавен увид на УП вон опфат на УП за изградба на канализационен колекторски цевковод со пречистителна станица за отпадни води во с.Зрновци, КО Зрновци, општина Зрновци

Линк кон документот:https://easyupload.io/vpaxsc

________________________________________________________________

ИЗВЕСТУВАЊЕ за пријава на земјиште и објекти кои не се користат
или не се издаваат по закуп

ПРИЈАВА

________________________________________________________________

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ
НА ОПШТИНА ЗРНОВЦИ

ПРИЈАВА

Рокот за пријавување е до 07.02.2022 год.

________________________________________________________________

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Повик за увид и јавна расправа за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, КП бр. 3123/1, КП бр. 3123/2. КП бр. 4081 и КП бр. 4082 КО Зрновци со намена А3.4 - семејни куќи за времен престој - викенд куќи општина Зрновци

Линк до урбанистичкиот план : https://ln5.sync.com/dl/bbf7dcd30/cwszecx6-yqim76h8-qr9du7qd-iv7sqebw/view/default/7542434760011 

СООПШТЕНИЕ        АНКЕТЕН ЛИСТ

Анкетните листови можете да ги доставете до Општина Зрновци, Одделение за урбанизам до 08.02.2022 

________________________________________________________________

ЈАВНА ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ ЗА 2022. Кликнете на линкот    ПРИЈАВА

________________________________________________________________

Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека е изготвена "Проектна програма за Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за изградба на канализационен колекторски цевковод со пречистителна станица за отпадни води во село Зрновци, КО Зрновци, Општина Зрновци". За запознавање кликнете на линкот!

________________________________________________________________

Почитувани сограѓани,

Од Црвен крст - Кочани го добивме следново известување за пријавување на лица за користење на лиценцирана услуга: грижа и нега на стари лица во домот:

Почитувани,

Ве информираме дека веќе можете да ги поднесувате документите во Центарот за социјална работа во Кочани за користење на услугата Нега и грижа на стари лица во домот. Потребно е да се поднесат долу наведените документи

Барателот на услугата ја поднесува следната документација:

- важечка лична карта за државјанин на Република Северна Македонија, дозвола за
постојан престој на странецот, како и за брачен другар, родители, деца и/или други
роднини со кои живее во заедничко домаќинство;

-  мислење од матичен лекар за потребата од помош и нега при остварување на основни активности во домот со пополнет образец „Индекс Кац на независност во остварување на активностите од секојдневниот живот“;

-  отпусно писмо со специјалистички извештај и/или друга медицинска документација и/или наод и мислење за видот и степенот на попреченоста за барателот и неговиот брачен другар, родителите, децата и/или други роднини со кои живее во заедничко домаќинство; и

-  изјава дадена пред нотар, или пред службено лице во Центарот дека нема склучено договор за доживотна издршка, односно покренало постапка за раскинување на склучен договор за доживотна издршка.

Црвен крст - Кочани            ИНДЕКС КАЦ ОБРАЗЕЦ

________________________________________________________________

Општина Зрновци е при крај со постапката за формирање на Локален младински совет.

Во продолжение е линкот од Решението на Градоначалникот на општина Зрновци за конституирање на Локалното младинско собрание при општина Зрновци

РЕШЕНИЕ

________________________________________________________________

Општина Зрновци објавува ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИ НА НОВОЗАПИШАНИ СТУДЕНТИ ОД ОПШТИНА ЗРНОВЦИ И СТУДЕНТИ КОИ ВЕЌЕ СТУДИРААТ НА ЈАВНИТЕ ВИСОКООБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ ВО РСМ И СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИ НА САМОХРАНИ РОДИТЕЛИ И УЧЕНИЦИ НА НЕВРАБОТЕНИ РОДИТЕЛИ ОД ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ОД ОПШТИНА ЗРНОВЦИ

Конкурсот трае до 18.01.2022 год

________________________________________________________________

Почитувани граѓани,

Општина Зрновци ја отпочна постапката за формирање на Локален Младински совет при општина Зрновци.

ЈАВЕН ПОВИК за номинирање на преставници од формите на организирање и здружување на младите за формирање на ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ на општина Зрновци

Секоја форма на организирање и здружување на млади треба да делегира Делегат и Заменик делегат!

ПРИЈАВА за номинација на членови во Локалното Собрание на млади на општина Зрновци

________________________________________________________________

ЈАВЕН ПОВИК за номинирање на преставници од формите на организирање и здружување на младите заради формирање на Иницијативен одбор кој ќе учествува во процесот на конституирање на локалното Собрание на млади на општина Зрновци

Секоја форма на организирање и здружување на млади треба да номинира член и заменик член во Иницијативниот одбор.

ПРИЈАВА за номинација на членови на Иницијативниот одбор

________________________________________________________________

ПОВИК

Почитувани граѓани,
Врз основа на законските одредби, а заради транспарентност во работењето на заедницата на локалната самоуправа, општина Зрновци ги повикува сите граѓани, месни заедници, здруженија на граѓани и институциите, со идеи, програми и проекти да се вклучат во креирањето на Буџетот на општина Зрновци за 2022 година. Предлози и идеи можете да доставите и во кутијата поставена во ходникот на општинската зграда.
Програмите и проектите во електронска форма можат да се достават на службениот емаил: info@zrnovci.gov.mk a во хартиена форма, до архивата на општината, најдоцна до 10.12. 2021 година.
Вклучете се во креирањето на Буџeтот и подржете го партиципативниот развој на општина Зрновци.

________________________________________________________________

Проектна програма за изработка на УП вон опфат на УП на дел од КП 4369 КО Зрновци со основна класа на намена Г 2.9 - Складирање и основна преработка на земјоделски производи - Винарија со ресторант и престој на туристи

Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 3123/1, КП 3123/2, КП 4081, КП 4082 КО Зрновци со намена А4.3 - семејни куќи за времен престој - викенд куќи

СЕДНИЦИТЕ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ЗРНОВЦИ ВО ЖИВО!

Почитувани сограѓани,

Благодарение на грантот од УНДП ( проектот: Зајакнување на општинските совети) а во насока на зголемување на транспарентноста, општина Зрновци од неодамна почна да ги емитува седниците на Советот на општина Зрновци во живо. Седниците можете да ги пратете на youtube каналот на Општина Зрновци : https://www.youtube.com/channel/UCvN2qeWQFqrvqcRdp60cA4A

Објава бр. 2 за продажба на градежно земјиште

zrtvi na nasilstvo nasilstvo 2 
Zrnovci Zrnovci3

 

Формиран КРИЗЕН ШТАБ (Координативно тело за заштита и спасување и обезбедување на целосна координација во врска со спречување на ширењето на корона вирусот)

РЕШЕНИЕ за формирање на координативното тело

ОПЕРАТИВЕН ПЛАН  за спроведување на мерки за заштита и спасување од корона вирусот во општина Зрновци

Записник бр. 1 , Записник бр. 2  , Записник бр. 3

ПОКАНА за Втората форумска сесија во општина Зрновци

ПОКАНА за Првата форумска сесија во општина Зрновци

ОБЈАВА БР. 1

За отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Зрновци

________________________________________________________________

ИЗВЕШТАЈ ЗА ВКУПНИОТ ДОГОВОРЕН ИЗНОС ПО ДОВЕРИТЕЛИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ДОСПЕАНИ А НЕПЛАТЕНИ ОБВРСКИ 

Одлука за одобрување на Извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани а неплатени обврски

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани сограѓани,

Ве информираме дека ИМОТЕН ЛИСТ можете да си извадите и во просториите на општината после поднесеното барање и уплатената такса. Информации на тел:033/353 105 ( Благој)

ЈАВЕН ПОВИК 01/2018 кон сите доверители на општина Зрновци и единките корисници кои имаат доспеани, а ненаплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018, да се пријават во општина Зрновци со цел спогодбено утврдување на износот на обврските

СООПШТЕНИЕ

Нацрт СОЖС_УППс Видовиште

Нацрт СОЖС_УППс Мородвис

Нацрт СОЖС_УППс Зрновци

Јавен увид и расправа по нацрт извештајот за стратегискаоцена на влијанието врз животната средина за УПС ЗРНОВЦИ, УПС МОРОДВИС и УПС ВИДОВИШТЕ

 

СООПШТЕНИЕ

за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Урбанистички план за селата МОРОДВИС и ВИДОВИШТЕ

Соопштение МОРОДВИС

Соопштение ВИДОВИШТЕ

СООПШТЕНИЕ

за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Урбанистички план за село (УПС) Зрновци, општина Зрновци

www.zrnovci.gov.mk

 
 
 
 

 

 

________________________________________________________________

 Makedonija_vrabotuva.jpg ZELS.jpg   Odobrenie_za_gradenje.jpg

 

Контакт инфо

Општина Зрновци

Илинденска Бр.186, 2305 Зрновци, Македонија
Email: info@zrnovci.gov.mk

Tel: +389 33 353 104, +389 33 353 105
http://www.zrnovci.gov.mk

@ 2021 Сопственост на Општина Зрновци