Вести

ОПШТИНСКО - КОРИСНА РАБОТА ЗРНОВЦИ 2017

Почитувани сограѓани,

Општина Зрновци, задоволна од резултатите на предходните проекти од програмата Општинско-корисна работа планира да аплицира со проект на новиот повик за ОКР објавен од страна на УНДП. За таа цел Ве повикуваме да го дадете Вашето мислење за приоритетите во нашата општина од сверата на социјалната заштита. Ве покануваме да го посетите порталот http://moja-opstina.mk/ Постапката е едноставна и брза. Искрено се надеваме дека ќе бидат избрани најсоодветните приоритети а општината ќе аплицира со проект кој ќе биде подржан од страна на УНДП.

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијаниврз животната средина за проектот: “Воспоставување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“

Зрновци

Селото Зрновци е седиште на општината Зрновци и се наоѓа на 8 км јужно од градот Кочани, во подножјето на планината Плачковица. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 2.221 жител.

За самиот назив Зрновци, постои предание меѓу народот дека настанал од "зрно и овци", што говори дека овој крај изобилувал со зрнени култури и со мошне развиено сточарство.

Селото се наоѓа  на:

Зрновци се наоѓа на надморска висина од 360 м и како дел на Кочанска Котлина е заштитено од силни северни ветрови со Осоговски Планини, а од силни воздушни продори од југ со планината Плачковица.

Селото Зрновци е модерно село со уредена инфраструктура и со жители со урбани навики.

Прекрасната река Зрновка поминува низ сред село веднаш покрај уредениот парк и новоизградениот плоштад. Во средината на плоштадот има убава фонтана и бронзен споменик на патронот на општината “Св. Димитриј“. Во селото опстојува и работи Основно училиште „Синиша Стоилов“ со околу 200 деца од 1-9 одд.

Zrnovci google earth

Etno kuka Morodvis

Crkva Sv Dimitrij s.Zrnovci

Osvetuvanjeto na plostadot1