Вести

ОПШТИНСКО - КОРИСНА РАБОТА ЗРНОВЦИ 2017

Почитувани сограѓани,

Општина Зрновци, задоволна од резултатите на предходните проекти од програмата Општинско-корисна работа планира да аплицира со проект на новиот повик за ОКР објавен од страна на УНДП. За таа цел Ве повикуваме да го дадете Вашето мислење за приоритетите во нашата општина од сверата на социјалната заштита. Ве покануваме да го посетите порталот http://moja-opstina.mk/ Постапката е едноставна и брза. Искрено се надеваме дека ќе бидат избрани најсоодветните приоритети а општината ќе аплицира со проект кој ќе биде подржан од страна на УНДП.

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијаниврз животната средина за проектот: “Воспоставување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“

Мородвис

Селото Мородвис се наоѓа на само 2.5км од седиштето на општината, селото Зрновци. Според пописот од 2002 год имало 549 жители.Низ селото тече реката Морошка и се наоѓа на падините на планината Плачковица.

Селото надалеку е познато по двата археолошки локалитети: „Моробиздон“ - во центарот на селото и „Манастириште“ - над селото, во непосредна близина на манастирот „Св.Симеон“. Кејот на реката е убаво уреден а во горниот дел од селото се наоѓа Етно куќата која е изградена во етно стил и содржи етно експонати од Источниот плански регион.

Во селото има подрачно основно училиште до 4 одд.

Заштитените со закон Платанови стебла (Чинари) кои се наоѓаат во селото:

SV1020612SV1077903

Археолошкиот локалитет „Моробиздон“ во центарот на селото:

1280px Morodvis IV century

Morodvis google earth

Etno kuka Morodvis

Crkva Sv Dimitrij s.Zrnovci

Osvetuvanjeto na plostadot1