Вести

СООПШТЕНИЕ

за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Урбанистички план за село (УПС) Зрновци, општина Зрновци

И З В Е С Т У В А Њ Е

За да ги вклучи мислењата и потребите на граѓаните при креирањето на Буџетот, Општина Зрновци изготви Анкетен лист на кој жителите на Општина Зрновци можат да ги напишат своите мислења, потреби, предлози и идеи од јавен интерес и од различни сфери на надлежност на локалната самоуправа.

Прашалникот во електронска форма е објавен на веб-страницата на Општина Зрновци, а во печатена форма може да се пополни во архивата на Општина Зрновци и во сите канцеларии на месните заедници во Зрновци.

Општина Зрновци ви благодари за соработката!

АНКЕТЕН ЛИСТ

www.zrnovci.gov.mk

П О В И К

 Врз основа на законските одредби,

а заради транспарентност во работењето на единицата на локалната самоуправа,

Општина  Зрновци ги повикува граѓаните,  месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите,со идеи, програми и проекти да се вклучат во креирањето на

Буџетот на Општина Зрновци за 2018 година.

 Програмите и проектите во  електронска форма можат да се достават преку веб-страницата на Општина Зрновци, а во пишана форма до  архивата во Општината

 најдоцна до 10 декември 2017 година.

Вклучете се во креирањето на буџетот и поддржете го партиципативниот развој на локалната заедница!

www.zrnovci.gov.mk

 

 КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИ

Општина Зрновци распишува конкурс за доделување на стипендии на новозапишани студенти и на ученици од основното образование при ОУ„Синиша Стоилов“ - Зрновци од општина Зрновци

КОНКУРС

Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека проектот општинско - корисна работа „Трето доба 2017“ на општината е одобрен. Во продолжение е јавниот оглас. Ги повикуваме сите заинтересирани невработени лица благовремено да се пријават.

ЈАВЕН ОГЛАС

ОПШТИНСКО - КОРИСНА РАБОТА ЗРНОВЦИ 2017

Почитувани сограѓани,

Општина Зрновци, задоволна од резултатите на предходните проекти од програмата Општинско-корисна работа планира да аплицира со проект на новиот повик за ОКР објавен од страна на УНДП. За таа цел Ве повикуваме да го дадете Вашето мислење за приоритетите во нашата општина од сверата на социјалната заштита. Ве покануваме да го посетите порталот http://moja-opstina.mk/ Постапката е едноставна и брза. Искрено се надеваме дека ќе бидат избрани најсоодветните приоритети а општината ќе аплицира со проект кој ќе биде подржан од страна на УНДП.

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијаниврз животната средина за проектот: “Воспоставување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“

Контакт Градоначалник

 

Градоначалник

 
Општина Зрновци Зрновци 2305 Македонија

Телефон: ++389(0) 33 353 104

Факс: ++389(0) 33 353 105

Мобилен: ++389(0) 75 423 802

http://www.zrnovci.gov.mk

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Etno kuka Morodvis

Crkva Sv Dimitrij s.Zrnovci

Osvetuvanjeto na plostadot1