Вести

 КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИ

Општина Зрновци распишува конкурс за доделување на стипендии на новозапишани студенти и на ученици од основното образование при ОУ„Синиша Стоилов“ - Зрновци од општина Зрновци

КОНКУРС

Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека проектот општинско - корисна работа „Трето доба 2017“ на општината е одобрен. Во продолжение е јавниот оглас. Ги повикуваме сите заинтересирани невработени лица благовремено да се пријават.

ЈАВЕН ОГЛАС

ОПШТИНСКО - КОРИСНА РАБОТА ЗРНОВЦИ 2017

Почитувани сограѓани,

Општина Зрновци, задоволна од резултатите на предходните проекти од програмата Општинско-корисна работа планира да аплицира со проект на новиот повик за ОКР објавен од страна на УНДП. За таа цел Ве повикуваме да го дадете Вашето мислење за приоритетите во нашата општина од сверата на социјалната заштита. Ве покануваме да го посетите порталот http://moja-opstina.mk/ Постапката е едноставна и брза. Искрено се надеваме дека ќе бидат избрани најсоодветните приоритети а општината ќе аплицира со проект кој ќе биде подржан од страна на УНДП.

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијаниврз животната средина за проектот: “Воспоставување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“

Туризам

Културни споменици

На територијата на општината постојат следните манастири: Св. Недела во Зрновци, Св. Спас и Св. Петка во Видовиште, и Св. Симеон во Мородвис.

Во Зрновци опстојува црквата Св. Димитрија. Споменици на паднатите борци има по еден во Зрновци и Видовиште.

Во селото Мородвис се наоѓа археолошко наоѓалиште "Црквиште" откриено во 1980 год. Станува збор за средновековен град Моробиздон кој еден милениум бил културен, економски, црковен и политички центар на источна Македонија.

Моментално истражувањата се концентрирани во црковноепископскиот комплекс. Досега се откриени црква од Самоилово време, над 350 средновековни гроба, и мноштво на накит, керамика и други материјали. Сочувани се четири цркви од кои најстарата е од пети век, а најмладата е од 13 век. Богати биле декорирани со фрески и мозаици.

Во наредниот период се планира да се доистражи комплексот, да се конзервира и да се презентира пред пошироката домашна и светска јавност.

Ингеренциите за чување, одржување и презентирање паѓаат на одделението за заштита на спомениците на културата од Кочани.

Угостителство

Во општината, поточно во с.Зрновци постојат три угостителски објекти:

1.Ресторант „Зрновка“, во центарот на селото со 400 места

2.Кафе бар „Аминта“ , во центарот на селото со 250 места

3.Кафе бар „Рио“, во центарот на селото со 100 места

Прекрасната местоположба на трите села сместени под планината Плачковица и прекрасната Зрновска долина, по реката Зрновка овозможува пријатни мигови на секој посетител, љубител на селската идила. Лесната достапност на општината како и прекрасните бројни планински патеки нема да го остават никој рамнодушен.

КУЛТУРНО ИСТОРИСКИ СПОМЕНИЦИ ВО ЗРНОВЦИ

Црква „Св. Великомаченик Димитрије“ – Зрновци

Оваа црква која се наоѓа на горниот ( стар) дел од селото Зрновци е изградена некаде во 19 век а била на неколкупати обновувана. Има карактеристична градба за црквите од овој крај, располага со 65 значајни, со закон заштитени икони ( работени во темпера, со гипсен грунд врз даска со различни димензии, најмалата е 22цм х 17,5цм а најголемата е со димензии 105,5цм х 80,5цм х 2,5цм). Сите се работени во втората половина на 19 век од непознат автор. Се претпоставува дека тоа би можел да биде Димитрија Андонов Папрадишки кој работел со своја тајфа во црквите во Кочанско. Во дворот на црквата постои и стар гроб со натпис на некој поранешен свештеник.

Манастир „Св. Томова Недела – Зрновци

Овој манастир е од редот на најмалите и најнови манастири во општината Зрновци. Изграден е во 1975 год како последица на еден немил настан каде од гром загинаа две жени од селото. Покровител на манастирот е г-нот Драги „фурнаџијата“, сопруг на една од нстраданите жени. Рамото на манастирот е на „Св. Томова Недела“ каде се собираат луѓе од околината, се служи манастирско јадење и се оди на „лековитата водичка“ каде луѓето си ги мијат рацете и очите за здравје и принесуваат дарови.

Манстир „Св. Симеон Столпник“ – Мородвис

Манастирот кој е посветен во чест и спомен на преподобниот Симеон Столпник,е сместен во подножјето на планината Плачковица, во атарот на с.Мородвис. Заради не евидентирани пишани документи,презентираното во врска со изградбата и осветувањето на манастирот е од искази на некои од постарите жители на с.Мородвис.

Според нивни искази на тоа место постојал манастир посветен на Св.Јован (не е познато дали е Крстител или Богослов), каде што месното население за време на втората светска војна наоѓало прибежиште, а подоцна месното население се собирало на 2 август на празникот посветен на Св.Илија. Во 1957г. по иницијатива на селаните и со нивни средства почнала изградбата на манастирот. Многу подоцна во 1983г. манастирот бил осветен од тогашниот надлежен епархиски Архиереј.Градбата на манастирот се состоела од камења ѕидани со кал и печена тула, кровната конструкција била од греди, а кровот од плет од гранќи. Во 2001 до 2002год. е извршена реконструкција на манастирот со благослов на Митрополитот г.Агатангел.

Манастир „Св. Спас“ – Видовиште

И овој манастир е од редот на поновите манастири изграден во 1980 год. од страна на фамилијата на една млада девојка од селото, по име Ленче. Долго била измачувана од светиите се додека не ископале на сонуваното место и пронашле крст, огниште и лековити води. Тука веднаш до манастирот има три лековити води посветени на Св. Спас, Св. Богородица и Св. Јован. Водите се посетени од лицата кои имаат проблеми со мажачка, со очите и немаат деца . Рамото на манастирот е на „Св. Спас“ секоја година каде луѓето доаѓаат, оставаат дарови, се молат за здравје и се служи манастирска манџа.

Манастир „Св. Петка“ – Видовиште

Овој манастир се наоѓа на 4 км над селото Видовиште, на една прекрасна ледина со прекрасен поглед кон кочанската котлина. Изграден е во 1927 год од баба Тофка од с. Облешево која сред ноќ била „одвлечена“ од светиите на ова место со цел да го пронајде и открие овој манастир. До самиот манастир сега во тек е изградба и на конаци.

Непосредно до манастирот има и чешма со лековита вода. Рамото на манастирот е на „св.Петка“ на 8 август.

 Археолошко наоѓалиште: „Црквиште“, Моробиздон, с. Мородвис.

Споменик на паднатите борци од 2 светска војна – парк во с. Зрновци

Споменик на „Св.Горги“ – на „могила“ над с. Видовиште

ТУРИСТИЧКИ ЗНАМЕНИТОСТИ ОД РЕГИОНОТ ОКОЛУ ЗРНОВЦИ

Виничко Кале – Виница

Се наоѓа на само 6 км од Зрновци а до таму води асфалтиран локален пат.

( текст и слики да се земат од линкот: http://vinicaonline.info/index.asp?meni=68sodr=63

Црква „Св.Јоаким Осоговски“ – с. Јаќимово

Станува збор за новоизградена црква во с. Јаќимово кое се наоѓа на околу 8 км од Зрновци. Градбата е импозантна градена според старите православни канони а за нејзината изградба помогнале бројни граѓани од земјата и странство. Местоположбата е на еден прекрасен рид над селото од каде се гледа целата Виничка и Кочанска котлина. Црква која заслужува да се посети.

Археолошки локалитет „Баргала“ с. Козјак ( општина Карбинци)

Текст и слики на линк: www.culture.org.mk/eBARGALA.HTM

Манастир „Св. Пантелејмон“ – с. Пантелеј , Осоговски планини

Во атарат на село Пантелеј на 12 км. од Кочани се наоѓа манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон изграден во 19 век. Секоја година на 9-ти август се одржува црковно народен собор кој привлекува илјадници посетители.

Месност и летувалиште „Пониква“ – Осоговски планини

На надморска висина од 1,500 м на планината „Осогово“ се наоѓа месноста „Пониква“. Таму се сместени и скијачки патеки, детско летувалиште и неколку приватни угостителски објекти кои нудат пријатни мигови и деликатеси за посетителите.

Текст и слики од линк : www.ponikva.com.

Црквиште-Моробиздон, с. Мородвис, Општина Зрновци
Во подножјето на планината Плачковица, на 2км од Зрновци и седум километри јужно од Кочани, е селото Мородвис, каде се наоѓа Црквиште - Моробиздон, комплекс од доцноантички и средновековни локалитети 

                                                                     

                                                      

Станува збор за населба во која животот се одвивал во периодот од В до ВИИ век, кога била напуштена, за да оживее повторно во ИЏ век, населена од Словените. Во периодот од Џ до ЏВ век, овој локалитет доживеал кулминација, претставувајќи црковно средиште на Брегалничкиот регион, во времето на Самоиловата држава, станувајќи епископско седиште во рамките на Охридската епископија. Просперитетот на градот Моробиздон и Мородвишката епископија запрел кон крајот на ЏИИ век, време на завладување на српската држава со овие простори, а во 1347 година, со одлука на црковниот собор одржан во Скопје, седиштето на епископијата се преместило во Злетово.
Со научните истражувања, на овој простор е откриена црква од В век, со гробница како нејзин интегрален дел. Судејќи според начинот на градба, мермерниот под и столбовите и капителите со претстави од средновековни мотиви, утврдено е дека станува збор за едно високо ниво на техника на градење и украсување. Од времето на големиот просперитет на градот, како на економско-политички, така и на културен план, откриена е катедралната црква, репрезент на средновковната архитектонска концепција, фрескописана, со под изработен во техниката секстиле и црковен мебел од делкан камен. Со истражувањата, откриено е дека врз оваа црква, во ЏИИИ век, била изградена нова помала црква, околу која е откриена некропола, од ЏИИ до ЏИЏ век, со повеќе од 350 гробови во кои се пронајдени предмети од сребро, бронза, коска, стакло и текстил.

КУЛТУРНО ИСТОРИСКИ СПОМЕНИЦИ ВО ЗРНОВЦИ

Mанастир Св. Недела - Зрновци (мал манастир) Овој манастир е од редот на најмалите и најнови манастири во општината Зрновци. Изграден е во 1975 год како последица на еден немил настан каде од гром загинаа две жени од селото. Покровител на манастирот е господинот Драги „фурнаџијата“, сопруг на една од настраданите жени. Рамото на манастирот е на „Св. Томова Недела“ каде се собираат луѓе од околината, се служи манастирско јадење и се оди на „лековитата водичка“ каде луѓето си ги мијат рацете и очите за здравје и принесуваат дарови.

Mанастир Св. Спас - Видовиште И овој манастир е од редот на поновите манастири изграден во 1980 год. од страна на фамилијата на една млада девојка од селото, по име Ленче. Долго била измачувана од светиите се додека не ископале на сонуваното место и пронашле крст, огниште и лековити води. Тука веднаш до манастирот има три лековити води посветени на Св. Спас, Св. Богородица и Св. Јован. Водите се посетени од лицата кои имаат проблеми со мажачка, со очите и немаат деца . Рамото на манастирот е на „Св. Спас“ секоја година каде луѓето доаѓаат, оставаат дарови, се молат за здравје и се служи манастирска манџа.

Mанастир Св. Петка - Видовиште Овој манастир се наоѓа на 4 км над селото Видовиште, на една прекрасна ледина со прекрасен поглед кон кочанската котлина. Изграден е во 1927 год од баба Тофка од с. Облешево која сред ноќ била „одвлечена“ од светиите на ова место со цел да го пронајде и открие овој манастир. До самиот манастир сега во тек е изградба и на конаци. Непосредно до манастирот има и чешма со лековита вода. Рамото на манастирот е на „св.Петка“ на 8 август.

Mанастир Св. Симеон - Мородвис Манастирот кој е посветен во чест и спомен на преподобниот Симеон Столпник, е сместен во подножјето на планината Плачковица, во атарот на с.Мородвис. Заради не евидентирани пишани документи, презентираното во врска со изградбата и осветувањето на манастирот е од искази на некои од постарите жители на с.Мородвис. Според нивни искази на тоа место постојал манастир посветен на Св.Јован (не е познато дали е Крстител или Богослов), каде што месното население за време на втората светска војна наоѓало прибежиште, а подоцна месното население се собирало на 2 август на празникот посветен на Св.Илија. Во 1957г. по иницијатива на селаните и со нивни средства почнала изградбата на манастирот. Многу подоцна во 1983г. манастирот бил осветен од тогашниот надлежен епархиски Архиереј. Градбата на манастирот се состоела од камења ѕидани со кал и печена тула, кровната конструкција била од греди, а кровот од плет од гранќи. Во 2001 до 2002год. е извршена реконструкција на манастирот со благослов на Митрополитот г.Агатангел.

Црква Св. Димитрија - Зрновци     Оваа црква која се наоѓа на горниот ( стар) дел од селото Зрновци е изградена некаде во 18 век а била на неколкупати обновувана. Има карактеристична градба за црквите од овој крај, располага со 65 значајни, со закон заштитени икони ( работени во темпера, со гипсен грунд врз даска со различни димензии, најмалата е 22цм х 17,5цм а најголемата е со димензии 105,5цм х 80,5цм х 2,5цм). Сите се работени во втората половина на 19 век од непознат автор. Се претпоставува дека тоа би можел да биде Димитрија Андонов Папрадишки кој работел со своја тајфа во црквите во Кочанско

                                                     


Etno kuka Morodvis

Crkva Sv Dimitrij s.Zrnovci

Osvetuvanjeto na plostadot1