Видовиште е село во општина Зрновци, оддалечено 3.5км од с.Зрновци. Според пописот од 2002 година, селото имало 494 жители. Се наоѓа веднаш под падините на планината Плачковица на трасферзалата Штип – Виница. Среде селото се наоѓа плоштадот „Магила“ а веднаш до него е и новоизградената црква „Св.Климент Охридски“. Низ селото поминува регионалниот пат Виница – Штип.