Спорт
На полето на спортот делува фудбалскиот клуб "Зрновка" од Зрновци кој се натпреварува во меѓуопштинската лига и има свој стадион со фудбалско игралиште и соблекувална. Во рамките на овој клуб работи и фудбалскиот подмладок.
Во финална фаза на изградба е училишната спортска сала во дворот на ОУ „Синиша Стоилов“ а во план е изградба и на повеќенаменско спортско игралиште во с.Зрновци. Овие објекти во иднина ке дадат солидни услови за развој на спортот во општина Зрновци
Сл.бр.1 Фудбалско игралиште с.Мородвис