Роден на 31.05. 1959 год. во Кочани. Своето основно и средно образование ги завршува во родниот град а студиите ги продолжува во Охрид на факултетот за туризам и угостителство. Од 1986 год. работи како приватен угостител во Виница а од 1991 год. угостителската дејност ја продолжува во Зрновци.
Од 1999 - 2002 год. работи како Началник на Подрачната единица на Министерството за труд и социјална политика во Кочани.
Од 2002 – 2009 год. работи како приватен угостител во ДООЕЛ „Аминта“ – Зрновци.
Во април 2009 год. на локалните избори станува Градоначалник на општина Зрновци како кандидат на најголемата политичка коалиција на ВМРО-ДПМНЕ. На последните локални избори ја добива довербата на граѓаните и последователниот Трет мандат за градоначалник на општина Зрновци 2017 - 2021год.