ИЗГРАДЕНИ ДВА ПРОПУСТА НА ВИДОВИШКА РЕКА
Општина Зрновци изгради два бетонско-армирани пропуста на Видовишка река во с.Видовиште. Со нив е подобрена сообраќајната комуникација преку реката, посебно, во услови на поројни дождови и висок водостој.
ОТПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ФЕКАЛНАТА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО с.МОРОДВИС
Општина Зрновци отпочна со изградба на фекална канализација во с.Мородвис. Со овој проект значително ќе се влијае на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните а и ќе се заштитат подземните води и почвата од загадување.
ПАРКОВИ ВО С.МОРОДВИС И С.ВИДОВИШТЕ
Општина Зрновци отпочна со изградба на парк во с.Мородвис и парк во с.Видовиште. Локациите се во централните јадра на двете села а се очекува истите да бидат изградени и ставени во функција. Жителите на овие населени места наскоро ќе можат да уживаат во благодетите на овие уредени места за релаксација и одмор. Очекувано, најмладите ќе бидат најрадосни и најбројни корисници.
Реализиран проект: РЕАСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ: ГЕНЕРАЛ АПОСТОЛСКИ, ФИЛЕ РИСТОВ И АСПАРУХ МАНЕВ ВО ЗРНОВЦИ
Проектот е финансиран од општинскиот буџет. На гореспоменатите улици се создадени подобри услови за непречено одвивање на сообраќајот а на истите се поставени и канали за прифаќање на атмосферската вода.
Реализиран проектот: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОПШТИНСКА ЗГРАДА ВО ЗРНОВЦИ СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА МЕРКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Проектот се спроведе во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија, координиран од Фармахем Скопје и Helvetas Intercorporation а подржана од SECO - Швајцарската агенција за развој и соработка.
Со активностите од проектот променети се старите прозори и врати на општинската зграда и поставена е нова термо фасада. Со ова општинската зграда доби нов модерен лик а сметките за електрична енергија ќе бидат драстично намалени.
УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ „ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО ПОГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БГ - МК“
IPA Cross-Boreder Programme
CCI Number 2007CB16IPO007
Проект 2007CB16IPO007-2011-2-89
Во јануари 2015 год заврши проектот од Програмата Добрососедство со Р.Бугарија, помеѓу општините Зрновци и Белица.
Документи:
Репорт 2 Брошура 2 Информативно гласило
Изградена и уредена ул.„Маршал Тито“ со пешачка патека на ул.„Тодор Арсов“ кон паркот
Изградено повеќенаменско спортско игралиште во с.Зрновци
Асфалтиран локален пат во с.Зрновци: Зрновци спој со регионален пат Зрновци - Виница, во должина од 800м
Асфалтиран локален пат во с.Видовиште: Видовишка раскрсница спој со Горно маало, во должина од 700м