Добредојдовте на веб страната на општина Зрновци
Општина Зрновци—рурална општина во Источна Македонија, припаѓа на Источниот плански регион. Седиштето на општината е во селото Зрновци, кое е и најголемо населено место во општината со 2221 жител според пописот од 2002 година.
Општина Зрновци има вкупно 3 населени места (Зрновци, Мородвис и Видовиште), население од 3264 жители и има вкупна површина од 51.764.076 метри квадратни. Актуелен градоначалник на Општина Зрновци е Борчо Коцев.
Општина Зрновци на исток се граничи со општина Виница, на запад со општина Чешиново Облешево, на југ со општина Карбинци на север со општина Кочани.Од главниот град на Македонија општината е оддалечена 134 километри. Општина Зрновци е воглавно земјоделска општина и е една од помалку еколошки загадените општини во Македонија.
Знаме на општина Зрновци |
|
![]() |
|
|
Грб на општина Зрновци
|
|
|
Документарна емисија за општина Зрновци - прв дел - https://www.youtube.com/watch?v=XjxZiWzoPl0
БОРЧО КОЦЕВ - Градоначалник на општина Зрновци
Борчо Коцев е роден на 16.09.1982 год во Кочани. Основното образование го завршува во ОУ „Синиша Стоилов“ - Зрновци а средното во ДЕМАУЦ „Гошо Викентиев„ – Кочани.
Своето образование го продолжува на Воената академија во Скопје каде се стекнува со чинот потпоручник – офицер од родот пешадија. Во моментот е запишан на постдипломски студии на Факултетот за безбедност – Полициска академија, отсек организиран криминал.
Од 2006 – 2007 работи во Основен суд – Кочани како судски полицаец а од 2007 до 2021 во истиот суд работи како командир на судска полиција.
Од англискиот и италијанскиот јазик има основни познавања а хоби му е спортски лов и риболов.
На последните локални избори во октомври 2021 е избран за Градоначалник на општина Зрновци во својот прв мандат.
________________________________________________________________________
ВЕСТИ
______________________________________________________________
Започна кампањата „ Мојот данок, за мојата општина! “
До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот.
Општина Зрновци како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“
Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.
Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.
Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмирување на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.
Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.
За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото на https://www.youtube.com/watch?v=kV46872donQи информирајте се повеќе од летоците објавени на линковите :
ЛЕТОК УСАИД ЛЕТОК Општина 1 Леток Општина 2
--------------------------------------------------------------------------------------------------------
UP O.Zrnovci 01.22-PR.pdf
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за КП бр. 3123/1, КП бр. 3123/2, КП бр. 4081 и КП бр. 4082 КО Зрновци, со намена А3.4 - семејни куќи за времен престој - викенд куќи, општина Зрновци https://easyupload.io/5rgr52
______________________________________________________________
Промоција на Локалниот Младински Совет на општина Зрновци и неговата Годишна програма
Линк до видеото: https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=oZ0kuJsu19Q&fbclid=IwAR36tNjUiqxlc8gmC8vPBBegYH6p7Jx6OEf6Hef6phtFes5lKvIA_cPjCBQ
__________________________________________________________________________________
Повик за јавен увид на УП вон опфат на УП за изградба на канализационен колекторски цевковод со пречистителна станица за отпадни води во с.Зрновци, КО Зрновци, општина Зрновци
Линк кон документот:https://easyupload.io/vpaxsc
________________________________________________________________
ИЗВЕСТУВАЊЕ за пријава на земјиште и објекти кои не се користат
или не се издаваат по закуп
________________________________________________________________
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ
НА ОПШТИНА ЗРНОВЦИ
Рокот за пријавување е до 07.02.2022 год.
________________________________________________________________
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Повик за увид и јавна расправа за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, КП бр. 3123/1, КП бр. 3123/2. КП бр. 4081 и КП бр. 4082 КО Зрновци со намена А3.4 - семејни куќи за времен престој - викенд куќи општина Зрновци
Линк до урбанистичкиот план : https://ln5.sync.com/dl/bbf7dcd30/cwszecx6-yqim76h8-qr9du7qd-iv7sqebw/view/default/7542434760011
Анкетните листови можете да ги доставете до Општина Зрновци, Одделение за урбанизам до 08.02.2022
________________________________________________________________
ЈАВНА ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ ЗА 2022. Кликнете на линкот ПРИЈАВА
________________________________________________________________
Почитувани сограѓани,
Ве известуваме дека е изготвена "Проектна програма за Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за изградба на канализационен колекторски цевковод со пречистителна станица за отпадни води во село Зрновци, КО Зрновци, Општина Зрновци". За запознавање кликнете на линкот!
________________________________________________________________
Почитувани сограѓани,
Од Црвен крст - Кочани го добивме следново известување за пријавување на лица за користење на лиценцирана услуга: грижа и нега на стари лица во домот:
Почитувани,
Ве информираме дека веќе можете да ги поднесувате документите во Центарот за социјална работа во Кочани за користење на услугата Нега и грижа на стари лица во домот. Потребно е да се поднесат долу наведените документи
Барателот на услугата ја поднесува следната документација:
- важечка лична карта за државјанин на Република Северна Македонија, дозвола за
постојан престој на странецот, како и за брачен другар, родители, деца и/или други
роднини со кои живее во заедничко домаќинство;
- мислење од матичен лекар за потребата од помош и нега при остварување на основни активности во домот со пополнет образец „Индекс Кац на независност во остварување на активностите од секојдневниот живот“;
- отпусно писмо со специјалистички извештај и/или друга медицинска документација и/или наод и мислење за видот и степенот на попреченоста за барателот и неговиот брачен другар, родителите, децата и/или други роднини со кои живее во заедничко домаќинство; и
- изјава дадена пред нотар, или пред службено лице во Центарот дека нема склучено договор за доживотна издршка, односно покренало постапка за раскинување на склучен договор за доживотна издршка.
Црвен крст - Кочани ИНДЕКС КАЦ ОБРАЗЕЦ
________________________________________________________________
Општина Зрновци е при крај со постапката за формирање на Локален младински совет.
Во продолжение е линкот од Решението на Градоначалникот на општина Зрновци за конституирање на Локалното младинско собрание при општина Зрновци
________________________________________________________________
Конкурсот трае до 18.01.2022 год
________________________________________________________________
Почитувани граѓани,
Општина Зрновци ја отпочна постапката за формирање на Локален Младински совет при општина Зрновци.
Секоја форма на организирање и здружување на млади треба да делегира Делегат и Заменик делегат!
ПРИЈАВА за номинација на членови во Локалното Собрание на млади на општина Зрновци
________________________________________________________________
Секоја форма на организирање и здружување на млади треба да номинира член и заменик член во Иницијативниот одбор.
ПРИЈАВА за номинација на членови на Иницијативниот одбор
________________________________________________________________
ПОВИК
Почитувани граѓани,
Врз основа на законските одредби, а заради транспарентност во работењето на заедницата на локалната самоуправа, општина Зрновци ги повикува сите граѓани, месни заедници, здруженија на граѓани и институциите, со идеи, програми и проекти да се вклучат во креирањето на Буџетот на општина Зрновци за 2022 година. Предлози и идеи можете да доставите и во кутијата поставена во ходникот на општинската зграда.
Програмите и проектите во електронска форма можат да се достават на службениот емаил: info@zrnovci.gov.mk a во хартиена форма, до архивата на општината, најдоцна до 10.12. 2021 година.
Вклучете се во креирањето на Буџeтот и подржете го партиципативниот развој на општина Зрновци.
________________________________________________________________
СЕДНИЦИТЕ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ЗРНОВЦИ ВО ЖИВО!
Почитувани сограѓани,
Благодарение на грантот од УНДП ( проектот: Зајакнување на општинските совети) а во насока на зголемување на транспарентноста, општина Зрновци од неодамна почна да ги емитува седниците на Советот на општина Зрновци во живо. Седниците можете да ги пратете на youtube каналот на Општина Зрновци : https://www.youtube.com/channel/UCvN2qeWQFqrvqcRdp60cA4A
Објава бр. 2 за продажба на градежно земјиште
РЕШЕНИЕ за формирање на координативното тело
ОПЕРАТИВЕН ПЛАН за спроведување на мерки за заштита и спасување од корона вирусот во општина Зрновци
Записник бр. 1 , Записник бр. 2 , Записник бр. 3
ПОКАНА за Втората форумска сесија во општина Зрновци
ПОКАНА за Првата форумска сесија во општина Зрновци
________________________________________________________________
ИЗВЕШТАЈ ЗА ВКУПНИОТ ДОГОВОРЕН ИЗНОС ПО ДОВЕРИТЕЛИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ДОСПЕАНИ А НЕПЛАТЕНИ ОБВРСКИ
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани сограѓани,
Ве информираме дека ИМОТЕН ЛИСТ можете да си извадите и во просториите на општината после поднесеното барање и уплатената такса. Информации на тел:033/353 105 ( Благој)
ЈАВЕН ПОВИК 01/2018 кон сите доверители на општина Зрновци и единките корисници кои имаат доспеани, а ненаплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018, да се пријават во општина Зрновци со цел спогодбено утврдување на износот на обврските
СООПШТЕНИЕ
СООПШТЕНИЕ
за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Урбанистички план за селата МОРОДВИС и ВИДОВИШТЕ
Почитувани,
На 29.10.2016 год на иницијатива на Градоначалникот на општина Зрновци, во Домот на културата со почеток во 19ч се одржа јавен собир на граѓаните на тема: Мостот на река Брегалница.
На линкот подолу е Записникот од јавниот собир на граѓани.
СТРУЧНА РАСПРАВА ПО ПРОСТОРНИОТ ПЛАН НА ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН
Почитувани сограѓани,
Ве информираме дека на ден 25.10.2016 година (вторник) со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Штип ќе се одржи Стручна расправа по Просторниот план на Источен плански регион (Нацрт план) и Јавна расправа по Извештај за Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Просторниот план на ИПР (Нацрт Извештај).
Во продолжение се линковите за двата документи:
http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2015/01/SOZS_PPIPR_draft-final.pdf
http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2015/01/Nacrt-plan-PPIPR.pdf
Објавен тендерот за изградба на мост на река Брегалница
Почитувани граѓани,
Со особено задоволство, ве информираме дека тендерската постапка за изградба на мостот на река Брегалница е во тек.
Тендерот е објавен на 24 март, а отварањето на понудите ќе се изврши на 27 април. Со градежните активности треба да се отпочне втората половина на мај.
За подетални информации:
http://procurement-notices.undp.org/view_notice.cfm?notice_id=28853
Чистење на речните корита на Брегалница и Зрновка
Општина Зрновци заврши со првиот дел чистење на речните корита на Брегалница и Зрновка, според акциониот план за 2015 год. Од Брегалница исчистени се вкупно 1230м а од Зрновка 250м.
________________________________________________________________
Контакт инфо
Општина Зрновци
Илинденска Бр.186, 2305 Зрновци, Македонија
Email: info@zrnovci.gov.mk
Tel: +389 33 353 104, +389 33 353 105
http://www.zrnovci.gov.mk
@ 2021 Сопственост на Општина Зрновци