Во општина Зрновци постои едно централно основно училиште „Синиша Стоилов“ кое е сместено во с.Зрновци и едно подрачно ( од 1-4 одд) во с.Мородвис. Училиштето има вкупно 37 вработени а опслужува 214 ученика. И двете училишта се потполно реновирани, со сопствени системи за централно греење а во дворот на училиштето во Зрновци е изградена и модерна училишна спортска сала.
сл.1 Училиштето во с.Мородвис сл.2 Училиштето во с.Зрновци