Селото Зрновци е седиште на општината Зрновци и се наоѓа на 8 км јужно од градот Кочани, во подножјето на планината Плачковица. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 2.221 жител a според последниот попис од 2021 год има 1.534 жители.

За самиот назив Зрновци, постои предание меѓу народот дека настанал од "зрно и овци", што говори дека овој крај изобилувал со зрнени култури и со мошне развиено сточарство.

Селото се наоѓа  на:

Зрновци се наоѓа на надморска висина од 360 м и како дел на Кочанска Котлина е заштитено од силни северни ветрови со Осоговски Планини, а од силни воздушни продори од југ со планината Плачковица.

Селото Зрновци е модерно село со уредена инфраструктура и со жители со урбани навики.

Прекрасната река Зрновка поминува низ сред село веднаш покрај уредениот парк и новоизградениот плоштад. Во средината на плоштадот има убава фонтана и бронзен споменик на патронот на општината “Св. Димитриј“. Во селото опстојува и работи Основно училиште „Синиша Стоилов“ со околу 200 деца од 1-9 одд.
 

Zrnovci google earth

Контактирајте не на социјалните мрежи:

Контакт инфо

Општина Зрновци

Илинденска Бр.186, 2305 Зрновци, Македонија
Email: info@zrnovci.gov.mk

Tel: +389 33 353 104, +389 33 353 105
http://www.zrnovci.gov.mk

@ 2021 Сопственост на Општина Зрновци