Селото Мородвис се наоѓа на само 2.5км од седиштето на општината, селото Зрновци. Според пописот од 2002 год имало 549 жители а според последниот попис од 2021 година има 318 жители.Низ селото тече реката Морошка и се наоѓа на падините на планината Плачковица.

Селото надалеку е познато по двата археолошки локалитети: „Моробиздон“ - во центарот на селото и „Манастириште“ - над селото, во непосредна близина на манастирот „Св.Симеон“.

Кејот на реката е убаво уреден а во горниот дел од селото се наоѓа Етно куќата која е изградена во етно стил и содржи етно експонати од Источниот плански регион.

Во селото има подрачно основно училиште до 4 одд.

Заштитените со закон Платанови стебла (Чинари) кои се наоѓаат во селото:
  

SV1020612   SV1077903

Археолошкиот локалитет „Моробиздон“ во центарот на селото:

1280px Morodvis IV century

Morodvis google earth

Контактирајте не на социјалните мрежи:

Контакт инфо

Општина Зрновци

Илинденска Бр.186, 2305 Зрновци, Македонија
Email: info@zrnovci.gov.mk

Tel: +389 33 353 104, +389 33 353 105
http://www.zrnovci.gov.mk

@ 2021 Сопственост на Општина Зрновци