БОРЧО КОЦЕВ - Градоначалник на општина Зрновци
 


Борчо Коцев е роден на 16.09.1982 год во Кочани. Основното образование го завршува во ОУ „Синиша Стоилов“ - Зрновци а средното во ДЕМАУЦ „Гошо Викентиев„ – Кочани.

Своето образование го продолжува на Воената академија во Скопје каде се стекнува со чинот потпоручник – офицер од родот пешадија. Во моментот е запишан на постдипломски студии на Факултетот за безбедност – Полициска академија, отсек организиран криминал.

Од 2006 – 2007 работи во Основен суд – Кочани како судски полицаец а од 2007 до 2021 во истиот суд работи како командир на судска полиција.

Од англискиот и италијанскиот јазик има основни познавања а хоби му е спортски лов и риболов.

На последните локални избори во октомври 2021 е избран за Градоначалник на општина Зрновци во својот прв мандат.

Контактирајте не на социјалните мрежи:

Контакт инфо

Општина Зрновци

Илинденска Бр.186, 2305 Зрновци, Македонија
Email: info@zrnovci.gov.mk

Tel: +389 33 353 104, +389 33 353 105
http://www.zrnovci.gov.mk

@ 2021 Сопственост на Општина Зрновци