ЕКОНОМИЈА
 

Транспорт

Општината Зрновци со општина Кочани е поврзана со локален асфалтиран пат изграден пред дваесетина години со ширина од 5 м. Патот е во должина од 8 км. На исток општината е поврзана со општина Виница со асфалтиран пат  во должина од 6 км.

Внатре во општината трите населени места се поврзани меѓу себе со локални асфалтирани патишта. Патната инфраструктура внатре во селата е на високо ниво со скоро сите асфалтирани улици. Вкупниот број на возила во општината се состои од околу 300 патнички возила, 200 трактора, 10 комбањи, 5 - 6 товарни камиони, и околу 40 моторцикли.

Староста на сите возила е релативно над 15 год што се должи на економската моќ на граѓаните од општината. Значи вкупниот сообраќај во општината се одвива на релацијата Видовиште - Мородвис - Зрновци – Кочани и Зрновци - Виница.

Неговиот интензитет е значително зголемен особено во пролет кога трае сеидбата на пролетните култури и на есен кога се прибира приносот. 

Индустрија

Општина Зрновци е релетивно слабо индустриски развиена. На нејзината територија постојат следниве индустриски капацитети:

• фабрика за лупење ориз 1 при „БМФ“ - Зрновци со капацитет 12 t / ден. Фабриката е изградена во 1955 год. а сега реновирана.

• фабрика за лупење ориз 2 при „БМФ" - Зрновци со капацитет 18 t / ден. Фабриката е изградена во 1976 год. и е со понова технологија а од неодамна реновирана

• Конфекција  „Перун џинс“

• Капацитет за преработка на дрво „Дрвопром“ - с. Мородвис

• Капацитет за преработка на зеленчук „Ларина“ - с. Зрновци

и други помали фирми.

Мало стопанство

Од овој сектор застапени се следните дејности и објекти:

• ДООЕЛ " Килмар " – Зрновци - тишлерај

• УТП " Зрнокоп " – Зрновци

• ДООЕЛ " Ма-ри " – Зрновци – организиран превоз на патници

• ППС " Дени 93 " – Зрновци - трговија на мало

• ДОО " БМФ " – Зрновци – производство и преработка на ориз

• ДООЕЛ " Никосар " – Зрновци - трговија на мало

• СТД " Никитранс " – Видовиште

• ДООЕЛ „Викторија пром“ –Зрновци – трговија на мало

• ДООЕЛ " Интернационал Шпед ДБ " – Зрновци

• ДООЕЛ "Аминта " – Зрновци - угостителство

• ДООЕЛ " Рио трејд" – Зрновци - угостителство

• ДООЕЛ "Мотекс 96 " – Мородвис – земјоделие, живинарство, производство на ноево месо, конфекција, месна индустрија

• ДООЕЛ "Нектар " – Зрновци – производство на мед и пчелни производи

• ДООЕЛ "Деница " – Зрновци – земјоделска аптека

• ДООЕЛ "Зрновка аве " – Зрновци – трговија на мало

• ДООЕЛ " Средорек " – Зрновци – трговија на мало

• ДООЕЛ " Банче " – Мородвис – трговија на мало

• ДООЕЛ "Чатал " – Мородвис  - трговија на мало

• ДООЕЛ "Ларина " – Зрновци – преработка на зеленчук

• ТП "Богданова Николина" – Мородвис – трговија на мало

• ДООЕЛ "Кокеви " – Зрновци

• ДООЕЛ "Игмапромет " – Зрновци

• ЈТД " Магос " – Мородвис – трговија на мало

• ДООЕЛ " Дуле ИВ " – Зрновци – пекара

• ПЗУ " Градски аптеки " –  Зрновци – аптека

Претпријатија со дрвопреработувачка дејност:

• ПП " Дрвопромет " - Мородвис - изработка на столарија, ламперија и ролетни.

Занаетчиство

Моментно застапени занаети на територијата на општина Зрновци се :

• воденичар ( постојат неколку традиционални воденици на вода кои се повеќе се заменуваат со модерни електрични млинови.)

• налбатин - потковувач на коњи и магариња 

• бербер ( 1 лице со перспектива за одржување на занаетот)

• пекар (1 лице, со модерен начин на производство)

• шивач (2 лица, со постојан пад на интерес за овој занает)

Од занаетчии кои порано биле присутни на територијата на општината а сега се одумрени се :

• вретенар (изработувач на дрвени лажици и вретена;алатки за предење на памук и волна)

• ковач (изработувач на земјоделски алатки и сл.)

• калајџија (калајдисување на бакарни садови)

Земјоделие

Атарот на општина Зрновци располага со квалитетно земјиште кое се користи од населението за производство на најразлични земјоделски култури. Вкупното обработливо земјиште во општината изнесува 1.692 ха, односно 32% од вкупната површина при што во општествениот сектор припаѓаат 309 ха, а во приватниот 1.325 ха.

Поголемиот број на индивидуални производители располагаат со трактори и други приклучни машини така да примитивниот начин на обработка на земјата е намален на минимум.

Во последните неколку години се бележи пораст на посеаните површини под ориз. Крските површини се засејуваат со житни култури и пченка. Инаку најзастапени култури се житните ( пченица, јачмен и р'ж ) со просечен принос од 2,5 t - 3 t по ха.

Градинарството исто така широко е застапено на територијата на општината. Се сејат скоро сите култури. Посебен квалитет се добива во производството на лутиот пипер познат по името "Зрновски лут" и индустрискиот пипер од сортите „Амфора“ и „Куртовска капија“, понатаму мошне вкусниот Зрновски праз за кој постојат одлични услови за производство на големи количини и за извоз, Зрновскиот розов патлиџан познат по крупноста и благоста, грашокот и др.

Значајно е да се спомне дека низ атарите на трите села поминува канал за наводнување од хидромериативниот систем Брегалница кој заедно со мрежата на канали од реката Зрновка во многу допринесуваат за зголемување на приносите на сите култури засеани во општината.

Овоштарството и лозарството се слабо развиени и застапени претежно кон пределот на планината Плачковица. Станува збор за индивидуални парцели претежно за свои потреби, меѓутоа од неодамна се појавија неколку приватни фирми кои настојуваат да ги вкрупнат своите површини и засејуваат висококвалитетни сорти на винова лоза.

Најмногу застапена е модрата слива, праската, црешата, и крушата. Голем е бројот на обичната слива (џанка) која е распространета по меѓите и полето а луѓето ја користат за добивање на ракија (сливовица).

Од индустриските култури застапени се тутунот и афионот кој поради ниската откупна цена не е многу застапен.

Поради отсуството на индустриско загадување, богатата флора и вегетација како и специфичната местоположба нашата општина располага со одлични услови за пчеларство. Бројот на луѓе кои моментално се бават со пчеларење е мал и затоа во иднина треба повеќе да се посвети внимание на оваа мошне доходовна стопанска гранка.

Сточарство

Сточарството како важна стопанска гранка е застапено во нашата општина но со помал интензитет. На територијата на општината постојат неколку приватни одгледувачи на овци со по стотина овци, неколкумина со по десетина крави, останатите земјоделци чуваат една до две крави или свињи, претежно за задоволување на своите потреби. Карактеристично е да се спомне дека е голем бројот на кози во општината. Во просек секоја куќа чува по една коза. Поголемиот број на домакинства во своите домови одгледуваат кокошки за добивање на еколошки домашни јајца и месо. Фирмата „Мотекс 96“ има живинарска фарма каде одгледува кокошки несилки за јајца. Истата фирма има и мала фарма од неколку ноеви.

Одгледувањето на стоката е номадско. Во летниот период стоката се напасува на пасиштата на Плачковица, а во зимниот период во полето на општината. Сепак голем е бројот на одгледувачи кои го одгледуваат добитокот и во домашни услови ( на јасли). 

 Шумарство

Од вкупната површина на општината под шуми се наоѓаат 3.034 ха, од кои 3.018 ха се државни, а 16 ха се приватна сопственост. Што се однесува до видот на шумата, до височина од околу 600 м е распространет дабовиот регион, кој го сочинуваат два појаса. Најнискиот појас, до 600 м надморска височина, го градат шуми од дабот Благун - Quercus pubescens, а над него шуми од дабот Горун - Quercus petrraea. Почнувајќи од околу 900 м надморска височина на осојните места се развиваат букови шуми, те. буков регион, кој се расчленува на три појаса: подгорски појас (ги зафаќа најниските делови,до 1200 м н.в. а на присојните места се искачува и повисоко), горски буков појас(претставен со ацидофилна вегетација) и субалпски (предпланински појас кој претставува посебен регион). Со шумите стопанисува шумското стопанство " Осогово " - Кочани.

Застапени шумски растенија од кои се користи плодот или цветот се: оревот, дренот и лешникот.

 

Контактирајте не на социјалните мрежи:

Контакт инфо

Општина Зрновци

Илинденска Бр.186, 2305 Зрновци, Македонија
Email: info@zrnovci.gov.mk

Tel: +389 33 353 104, +389 33 353 105
http://www.zrnovci.gov.mk

@ 2021 Сопственост на Општина Зрновци