Општинската администрација на чело со градоначалникот Борчо Коцев е во постојан процес на планирање, изработка на техничка документација, и аплицирање за нови проекти. 

 Планирани Проекти за 2022/23 година.

ИЗГРАДБА НА КАНАЛИ ЗА НАВОДНУВАЊЕ И ОДВОДНУВАЊЕ И КАСКАДИ НА РЕКА ЗРНОВКА, ЗРНОВЦИ

9 500 000 денари обезбедени сретства за реализација на проектот :

Виничка вада во должина од 1370 метри.

Морошка вада во должина од 850 метри.

Три каскади на река Зрновка за регулација на води за наводнување на земјоделски површини.

Како дел од програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година, општина Зрновци ќе започне со реализација на проект " Подобрување на состојбата со каналите за наводнување и одводнување со изградба на каскади на река Зрновка".

Со реализација на овој проект значително ќе се олесни работата на земјоделците со поефикасно обезбедување на динамика и количина на вода за наводнување, воедно ќе се заштитат асвалтираните патни правци покрај каналите, кои се на постојан удар од надојдените излеани води.

Проект за поврзување со локални патишта и улици кој се спроведува преку Министерството за транспорт и врски:

Р. Бр.

Име на проектот

Цена без ДДВ

Цена со ДДВ

1

Реконструкција на крак на ул. „Никола Карев“ и крак на ул. „Филе Ристов“, Зрновци

3.587.550

4.233.309

2

Реконструкција на ул. „Арсо Ангелов“, Видовиште

3.316.375

3.913.322

3

Реконструкција на локален пат с.Мородвис до селски гробишта, Мородвис

2.123.810

2.506.096

4

Локален пат „Оризни гумна“ – „Друмот“, Видовиште ( должина 833м)

4.517.210

5.330.308

5

Локален пат с.Зрновци – с.Мородвис, Штипски пат ( должина 2304м)

14.603.300

17.231.894

6

Изградба на пристапен пат до археолошки локалитет „Манастириште“ кој се наоѓа над с.Мородвис до манастирот „Св.Симеон“, с.Мородвис 

9.759.550

11.516.269

В К У П Н О

37.907795

44.731198

 Проект: Водоснабдување и одведување на отпадни води кој се спроведува преку Министерството за животна средина и просторно планирање:

Р.бр.

Име на проектот

Цена без ДДВ

Цена со ДДВ

1

Проект за реконструкција на секундарната мрежа на главната водовод на општина Зрновци

27.025.874,03 мкд

31.890.531,35 мкд

2

Намалување на загуби на вода за пиење и контрола на наплата со инсталација на нови мерни уреди со контролно далечинско одчитување за општина Зрновци

10.146.668,00 мкд

11.973.068,24 мкд

 

Проект: ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ С.ЗРНОВЦИ

Изработката на техничката документација е финансирана од УНДП/СИДА, проектот: „Градење на општински капацитетит за имплементација на проекти“

Техничката документација се состои од :

  • Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на канализационен колекторски цевковод во с.Зрновци
  • Основен проект за изградба на канализационен колекторски цевковод во с.Зрновци ( сите технички фази)
  • Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на пречистителна станица за отпадни води во с.Зрновци
  • Основен проект за изградба на пречистителна станица за отпадни води во село Зрновци (сите технички фази)
  • Ревизија на техничката документација за изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица за отпадни води за с.Зрновци ( сите фази)
  • Елаборат за заштита на животната средина

Вкупна проценета инвестициска вредност според техничката документација (предмер-пресметка) (евра)

  • ПСОВ............................................................ 917.931 евра
  • Канализационен колекторски цевовод ...     50.215 евра
  • Електротехника..........................................   128.762 евра

             ВКУПНО                                            1.096.915 евра

Проекти до Министерство за ЖСПП – инвестиции во ЖС:

Р.бр.

Име на проектот

Вкупна сума со ДДВ

( мкд)

1

Фекална канализација на крак на ул. Илинденска, с.Зрновци

1.020.954

2

Пречистителна станица за отпадни води – прва фаза предтретман с.Видовиште

1.968.431

3

Армирано Бетонска преграда, с.Мородвис

2.127.894

 

Проекти до Министерството за ЖС – Програма за води:

Р.бр.

Име на проектот

Вкупна сума со ДДВ( мкд)

1

Резервоар за вода 60м3 с.Зрновци

2.055.224

2

Дренажен зафат с.Мородвис

445.486

Контактирајте не на социјалните мрежи:

Контакт инфо

Општина Зрновци

Илинденска Бр.186, 2305 Зрновци, Македонија
Email: info@zrnovci.gov.mk

Tel: +389 33 353 104, +389 33 353 105
http://www.zrnovci.gov.mk

@ 2021 Сопственост на Општина Зрновци