Надлежности на општината

Надлежностите на Општина Зрновци  се утврдени во член 22 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија бр.5/2002) и во други закони и подзаконски акти со кои се регулираат работите од јавен интерес од локално значење кои општината во согласност со закон има право да ги врши на своето подрачје и е одговорна за нивното извршување.

Согласно член 22 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002) , Општината има надлежности за вршење на следните работи:

1.Урбанистичко (урбано и рурално) планирање, издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон, уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште;

2. Заштита на животната средина и природата – мерки за заштита и спречување од загадување на водата.воздухот, земјиштето,заштита на природата, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење;

3. Локален економски развој – планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојните и структурните приоритети, водење на локална економска политика, поддршка на развој на малите и средните претпријатија и на претприемаштвото на локално ниво и во тој контекст, учество во воспоставувањето и развој на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;

4. Комунални дејности – снабдување со вода за пиење, испорака на технолошка вода, одведување и пречистувањето на отпадните води, јавно осветлување, одведувањето и третманот на атмосферски води, одржување на јавна чистота, собирање транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад, уредувањето и организирањето на јавниот локален превоз на патници, снабдувањето со природен гас и топлинска енергија, одржувањето на гробовите, гробиштата, крематориумите и давањето на погребални услуги, изградбата, одржувањето, реконструкцијата и заштита на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти, регулирање на режимот на сообраќај, изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација, изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање, отстранувањето на непрописно паркираните возила ,остранувањето на хавасираните возила од јавните површини, изградбата и одржувањто на пазарите, чистењето на оџаците, одржувањето и користењето на паркови, зеленило, парк-шумите и рекреативните површини, регулацијата, одржувањето и користењето на речните корита во урбанизираните делови, определување на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;

5. Култура – институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти, негувањето на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности, организирањето културни манифестации, поттикнувањето на разновидни специфични форми на творештво;

6. Спорт и рекреација – развојот на масовниот спорт и рекреативните активности, организирањето на спортски приредби и манифестации, одржувањето и изградбата на објекти за спорт, поддршка на спортски сојузи;

7. Социјална заштита и заштита на децата – детски градинки и домови за стари (сопственост, финасирање, инвестиции и одржувањето), остварување на социјалната грижа за инвалидните лица, децата без родители и родителска грижа, деца со воспитно – социјални проблеми, деца со посебни потреби, децата од еднородителските семејства, децата на улица, лицата изложени на социјален ризик, лицата засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол, подигање на свеста на населението, домување на лица со социјален ризик, остарување на право и воспитување на децата од предучилишна возраст. Вршењето на овие надлежности се во соглсност со Национална програма за развој на социјалната заштита;

8. Образование – основање, финасирање и администрирање на основни и средни училишта во соработка со централната власт, во согласност со закон, организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови;

9. Здравствената заштита – управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравственото воспитување, унапредувањето на здравјето, превентивните активности, заштита на здравјето на работниците и заштита при работа, здравствен надзор на животната средина, надзор над заразните болести, помош на пациенти со специјални потреби (на пример: ментално здравје, злоупотреба на деца итн) и други области кои ќе бидат утврдени со закон;

10. Заштита и спасување – Спроведување на подготовки и преземање на мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив;

11. Противпожарната заштита – што ја вршат територијалните противпожарни единици.

Контактирајте не на социјалните мрежи:

Контакт инфо

Општина Зрновци

Илинденска Бр.186, 2305 Зрновци, Македонија
Email: info@zrnovci.gov.mk

Tel: +389 33 353 104, +389 33 353 105
http://www.zrnovci.gov.mk

@ 2021 Сопственост на Општина Зрновци