Во општина Зрновци постои едно централно основно училиште „Синиша Стоилов“ кое е сместено во с.Зрновци и едно подрачно ( од 1-4 одд) во с.Мородвис.
Училиштето има вкупно 37 вработени а опслужува 214 ученика. И двете училишта се потполно реновирани, со сопствени системи за централно греење а во дворот на училиштето во Зрновци е изградена и модерна училишна спортска сала.