Вести

 КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИ

Општина Зрновци распишува конкурс за доделување на стипендии на новозапишани студенти и на ученици од основното образование при ОУ„Синиша Стоилов“ - Зрновци од општина Зрновци

КОНКУРС

Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека проектот општинско - корисна работа „Трето доба 2017“ на општината е одобрен. Во продолжение е јавниот оглас. Ги повикуваме сите заинтересирани невработени лица благовремено да се пријават.

ЈАВЕН ОГЛАС

ОПШТИНСКО - КОРИСНА РАБОТА ЗРНОВЦИ 2017

Почитувани сограѓани,

Општина Зрновци, задоволна од резултатите на предходните проекти од програмата Општинско-корисна работа планира да аплицира со проект на новиот повик за ОКР објавен од страна на УНДП. За таа цел Ве повикуваме да го дадете Вашето мислење за приоритетите во нашата општина од сверата на социјалната заштита. Ве покануваме да го посетите порталот http://moja-opstina.mk/ Постапката е едноставна и брза. Искрено се надеваме дека ќе бидат избрани најсоодветните приоритети а општината ќе аплицира со проект кој ќе биде подржан од страна на УНДП.

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијаниврз животната средина за проектот: “Воспоставување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“

ГРАДОНАЧАЛНИК

БЛАЖЕ СТАНКОВ - Градоначалник на општина Зрновци

Роден на 31.05. 1959 год. во Кочани. Своето основно и средно образование ги завршува во родниот град а студиите ги продолжува во Охрид на факултетот за туризам и угостителство. Од 1986 год. работи како приватен угостител во Виница а од 1991 год. угостителската дејност ја продолжува во Зрновци.

 Од 1999 - 2002 год. работи како Началник на Подрачната единица на Министерството за труд и социјална политика во Кочани.

Од 2002 – 2009 год. работи како приватен угостител во ДООЕЛ „Аминта“ – Зрновци.
Во април 2009 год. на локалните избори станува Градоначалник на општина Зрновци како кандидат на најголемата политичка коалиција на ВМРО-ДПМНЕ. На последните локални избори ја добива довербата на граѓаните и последователниот Трет мандат за градоначалник на општина Зрновци 2017 - 2021год.

1794781 1458920050986368 1651225444 n

Etno kuka Morodvis

Crkva Sv Dimitrij s.Zrnovci

Osvetuvanjeto na plostadot1