2024
Проект: „Набавка на комбинирана машина - ровокопач“. Вредноста на проектот е 5.298.200 мкд. Општината учествува со 988.728 мкд а остатокот се средства од Бирото за регионален развој.
2023
Проект: Изградба на каптажа на водоводот во с.Мородвис
Проект:„Изградба на резервоар за вода 60м3 во с.Зрновци
Изведувач на работите беше „Дан Са Трејд“ ДОО Скопје а договорна вредност на проектот е 1.363.682 мкд со вклучен ДДВ.
Средствата се од Бирото за регионален развој
Изграден пристапен пат до земјоделско земјиште во М.В.„Убаво поле“, с.Зрновци
Успешно е реализаран проектот:„Пристапен пат до земјоделско земјиште во атар на с.Зрновци, М.В. „Убаво поле“ Вкупната должина на делницата е 750м, западно од регионалниот пат Зрновци - Кочани, кон с.Мородвис и источно од истиот, кон река Зрновка
Изведувач на работите беше ДПТУ Стоименов - ДООЕЛ Кочани. Договорна вредност на проектот е 910.000 мкд без ДДВ а средствата се од АФПЗРР
Дислоцирана општинската депонија за комунален отпад во с.Зрновци
Во рамки на регионалниот проект на Министерството за животна средина и просторно планирање беше дислоцирана, уредена и озеленета и општинската депонија за цврст комунален отпад во с.Зрновци. Ридот од комунален отпад веќе не преставува опасност за загадување на водите на реката Зрновка.
2022
ИЗГРАДЕНА НОВА АВТОБУСКА ПОСТОЈКА ВО ЗРНОВЦИ
На барање на граѓаните на општина Зрновци изградена е нова автобуска постојка веднаш до општинската зграда.
АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО МОРОДВИС И ВИДОВИШТЕ
Реконструкција,проширување и асфалтирање на една улица во село Видовиште во должина од 450 метри и ширина 4 метри
Изградба на нова улица во Видовиште во должина од 130 метри и ширина од 3,5 метри со 50 метри квадратни паркинг простор,
Изградба и асфалтирање на нова улица во село Мородвис во должина од 100 метри и ширина од 3 метри
Ново изградена улица околу храм Св. Климент Охридски во Видовиште во должина од 130 метри и целосно реконструирана улица Арсо Ангелов во должина од околу 450 метри, со дополнително проширување на м.в. Магила.
АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ
ВО ЗРНОВЦИ
ул "Авној" Зрновци 177 метри
ул. "Илинденска" крак 1 Зрновци 220 м.
ул. " Илинденска" крак 2 Зрновци 250 м.
ул. "Генерал Апостолски Зрновци 120 м.
ИЗГРАДБА НА КРАК ОД КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА НА УЛ.„ТРИФУН ВАНГЕЛОВ“ ВО МОРОДВИС
Обезбедени материјали и поставена канализациона мрежа на гореспоменатата улица
ИЗГРАДБА НА КРАК ОД КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА НА УЛ.„ИЛИНДЕНСКА“ ВО ЗРНОВЦИ
Со овој проект се опфатени домаќинствата во делот на Етно паркот, детската градинка „Бисерчиња“ и излезот на селото.
РЕГУЛАЦИЈА И ПРОМЕНА НА ВЕНТИЛИ НА СЕКУНДАРНА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО ЗРНОВЦИ
Реализирани се активности за решавање на проблемот со постојан притисок на водоводната мрежа на домаќинствата на ул. „Гоце Делчев“ и М.В. „Марена“
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ИЗГРАДЕНИ ДВА ПРОПУСТА НА ВИДОВИШКА РЕКА
Општина Зрновци изгради два бетонско-армирани пропуста на Видовишка река во с.Видовиште. Со нив е подобрена сообраќајната комуникација преку реката, посебно, во услови на поројни дождови и висок водостој.
ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА НА ФЕКАЛНАТА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО с.МОРОДВИС
Општина Зрновци ја заврши изградбата на фекалната канализација во с.Мородвис. Со овој проект значително се влијае на подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните а и се штитат подземните води и почвата од загадување.
ПАРКОВИ ВО С.МОРОДВИС И С.ВИДОВИШТЕ
Општина Зрновци изгради парк во с.Мородвис и парк во с.Видовиште. Локациите се во централните јадра на двете села. Жителите на овие населени места можат да уживаат во благодетите на овие уредени места за релаксација и одмор. Очекувано, најмладите се најрадосни и најбројни корисници.
Реализиран проект: РЕАСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ: ГЕНЕРАЛ АПОСТОЛСКИ, ФИЛЕ РИСТОВ И АСПАРУХ МАНЕВ ВО ЗРНОВЦИ
Проектот е финансиран од општинскиот буџет. На гореспоменатите улици се создадени подобри услови за непречено одвивање на сообраќајот а на истите се поставени и канали за прифаќање на атмосферската вода.
Реализиран проектот: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОПШТИНСКА ЗГРАДА ВО ЗРНОВЦИ СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА МЕРКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Проектот се спроведе во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија, координиран од Фармахем Скопје и Helvetas Intercorporation а подржана од SECO - Швајцарската агенција за развој и соработка.
Со активностите од проектот променети се старите прозори и врати на општинската зграда и поставена е нова термо фасада. Со ова општинската зграда доби нов модерен лик а сметките за електрична енергија ќе бидат драстично намалени.
УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ „ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО ПОГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БГ - МК“
IPA Cross-Boreder Programme
CCI Number 2007CB16IPO007
Проект 2007CB16IPO007-2011-2-89
Во јануари 2015 год заврши проектот од Програмата Добрососедство со Р.Бугарија, помеѓу општините Зрновци и Белица.
Документи:
Репорт 2 Брошура 2 Информативно гласило
Изградена и уредена ул.„Маршал Тито“ со пешачка патека на ул.„Тодор Арсов“ кон паркот
Изградено повеќенаменско спортско игралиште во с.Зрновци
Асфалтиран локален пат во с.Зрновци: Зрновци спој со регионален пат Зрновци - Виница, во должина од 800м
Асфалтиран локален пат во с.Видовиште: Видовишка раскрсница спој со Горно маало, во должина од 700м